11. Наземи

Му падна снагата
наземи
од што веќе не може
да стои стамено
меѓу нечие минато
и своја сегашност.

Не може, а не знае
ни дали сака да стане
за најнакрај на себеси
да си докаже
дека утре ќе биде.

Му падна снагата
наземи
откога уште жив,
откога речиси мртов
се најде ненадејно
во незнајна и празна
невиделина
што обессилува сè
негово живо и мртво.