263. Или занимавајте се стручно ем научно со политика, или не владејте и не јадете трици ко политиканти!

264. Удрени со мокар чорап натураат власт на удрени со мокар чорап.

265. Не можи свест без ронка совест и чест.

266. На врво на власта тешки будалишта, по ними лесни, а по ними кој од кој побудала. Други меѓу ними не можи да има.

267. Трај си и свиркај си за најнакрај да им го свирниш.

268. Пилиштари во комуњарска партија на власт-синчиња и ќеркичиња на мамичиња и татичиња.

269. Замелушени сме од шо саноќ големо љубење си удривме.

270. Ви фаќа умо оти шалабајзери станаа советници на власта?

271. Едно наречиписателче спијало со полицајка во кревет, та си напишало роман за то колку му било убоо спијањето!

272. Е Таче, Таче, не знајш ни шо је то непожелна личност. Нито шо да прајш со неа коа ќе ти дојди дома.

273. Гојда со гојда убоо се разбираат ко се на власт и зато појаките ги уценуваат послабите.

274. Баш би било добро да се знај кој кого и кој кому во власта.

275. Мора да им се признај оти ептен научиле со праење наудрени да ја ладат работата коа ќе се запали или зоврие.

276. А бе мани ми се од пред очи, да не ми дојдиш на нишан!

277. Кај ве најдоа вас за да нема други шо ќе бидат други?!

278. Вакви лигуши и токмаци на власт нито имало негде, нито пак ќе се најдат овде откоа народо ќе ги напика во апсани.

279. Секидневно се резилат пред народо и гајле им е за него.

280. Мизерни се продаваат за пари мизерни.

281. Бедата и јадоста на гола кожа ќе ги сетите.

282. Ова појќе не се трпи, ама се трпи!

283. Криво ви је огледалото оти ликојте ви се искривени од препраање.

284. Не мојте да замислите шо ќе ве снајди коа крајо ќе ви се најди.

285. Најмногу жалам оти се љубевме, а се заборајвме.

286. Мрачни сили во мрак се осилуаат за ништо од нивните мрачнини да не излези на виделина.

287. Лично мислење чоек кажуа ако е прашан за него лично.

288. Овие во власта веќе не се од умо подизгубени, ами од него се сосем изгубени. Со такви најлесно се излегуа на крај.

289. Мене ми праат лошо денес, утре вам многу полошо.

290. Голем уплав имаат од мрачнина оти им се избројани дните.

291. Бре која беда од чоече на власт!