22. Меѓу спомени

Заскитав во миг меѓу спомени
знајни, блиски и далечни
на знајни, блиски и далечни.

Ми беше и пријатно,
ми беше и непријатно,
ми беше и радосно,
ми беше и жалосно.

Секакви дребности од нив,
секакви секидневности со нив.
Фрлени, расфрлани,
ставени на свое место,
оставени каде било.

Едни на сонце, па под ѕвезди,
други во самост, па ледени.
Помалку извишени, а голи,
повеќе небесни, а земни.

Излегов по миг од некаде,
како од никаде,
Ги оставив зад миг нечиј
како сечиј.