24. Потонат во мисла

Има една мисла која може била,
но веќе не е од мене.
Во која потонав буден мигум
и сè уште сум.
Се издели од други со кои еднакво
се будам и заспивам.

Ја здогледав пред мене во круг
што се обидува да ме обземе.
Ја здогледав меѓу луѓе слепи, неми,
безлични и безимени.
Ја здогледав како невина убост
штотуку родена.

Се плашам да ја искажам,
се плашам да му ја предадам
на некој што ќе ја нареди
меѓу други истрошени,
премалени од изрекувања,
повторувања,
со огрдени лица.

Потонав во мисла буден мигум:
дека моите корени конечно
ќе пресушат, ќе изгнијат
ако плодењата и раѓањата
за живот
скоро не го надвијат невремево
со свои времиња.