27. Стожерен

Ене го пред нив
секојпат стожерен
кога им се гледа,
кога им се слуша,
кога им треба
токму таков.

Стожерен меѓу нив,
стожерен со нив
во време на молк
и стравување.

Стои тој стожерен
осаменик
за да сведочи
дека имало вчера
како што може
да има денес
сосе утре
кое најмногу зависи
од траги сончеви,
плодородни.