Momentum XXI

Да си купам нов часовник
додека ја имам навиката,
помислив кога видов
како деца со крикови
трчаат по скали.

Глас 5

Зашто лифтот одамна не работи. Всушност, тие така секое утро. Постапуваат во ведрина.

Глас 9

Ова сега што ни го раскажа само потврдува дека ние сме оставени овде како спектакл. Да го осмислиме слободното време.

Глас1

И затоа ни се толку дебели гласните жици. Како да грмат облаци. Жиците ни собрале векови, та ниту силен ветер да пуштат низ звучници нема да нѐ покрие.

Телепатија.
Дарба за големи доживувања
во народот и во сонот.

Детето со внимание
го става телефонот в уши,
да не го видат ако прекаже.

Народот се собира
смирен од утрото
што изгреа на сонце,
иако чадот од планината
сѐ уште не престана
да се извива до небо.

Чашата е полна со aurum
зашто е важно да се испие
два часа пред спиење.

Црниот џигер ќе светнe
и ќе го наведне телото
напишано со minusculus,
па да почне говорот.

Телефонот ги расте ушите
(дома татко ми вика гладен
за леб и јаглен)
и уште radix во гласот.

Народот се собира смирен
од утрото што изгреа
на сонце,
а чадот од планината
не престана
да се изивива до небо;
го крие огнот
за кога ќе скокне
косата да му летне
со rafale.