32. Слики од несон

На ѕид од молк ветер силен дрво свива,
та му гасне надеж како оган громен;
што во годот му е младоста уште жива
од дамнина и од небиднина в корен.

На ѕид од молк страв ко в миг да бега
кон човек од изгрев до неплод;
сосе време што срце му стега
дека нема ни трага ни спомен на род.

На ѕид од молк јас и ти здив последен
на две сенки во непочин море;
а со нас сал збор ко воин јаден,
а со нас сал збор ко воин жив изгорен.