116. Нажалена

Зошто си толку нажалена,
моја самотна убавице?

 

117. Снага

Силна снага има
човеков во години.

 

118. Прегрме

Молчешкум ги прегрме
нивните сомнежи во тебе.

 

119. Деноноќно

Баш е неважно до кога јас вака
деноноќно во зборови и со нив.

 

120. Обденување

И во мене и надвор од мене
по долга ноќ обденува.