126. Во рано утро

Во рано утро јас во
шума што се буди.

 

127. Огништа

Огништа среде куќи
без покрив и сончевина.

 

128.Таа

Жена со која споделувам
ноќ меѓу огнови вишни.

 

129. Пред очи

Му излезе пред очи
снажен, а разгромен.

 

130. Еднодушно

Луѓево еднодушно градат бедем
за одбрана на својата слобода.