146. Истрајно

Лево немир, десно сон,
а пред него заумен свет.

 

147. Неснослива болка

На лице му се гледа
дека ништо не догледува.

 

148. Нова љубов

Од убост на разминување
будење меѓу оган и ледност.

 

149. Узна

Ти без мене узна дека си
безгрижна на моето небо.

 

150. Еднипати

Еднипати сум во сенка
на дрво до небо извишено.