156. Исти соништа

Веќе предолго исти соништа
буден сонувам во глува ноќ.

 

157. Пред квечер

Уште еден ден незавршен,
преуморен пред мрачнина.

 

158. Била убавина

Била, но веќе не е убавина
што премалувала грдости.

 

159. Стари луѓе

Се собрале стари луѓе
нова планина да искачат.

 

160. Брановити

Многу брановити чувства
пред жива студенина.