206. Диви коњи

Јурат диви коњи
низ леден ветар.

 

207. Во питомина

Мои игри жизнени
во оваа питомина.

 

208. Пеперуги

Пеперуги разлеваат
глас спокоен и ведар.

 

209. Јата

Јата птици се разлетале
пеејќи во сите страни.

 

210. Катаден

Сум што сум од рано утро,
сум што сум во ниедно доба.