256. Исконски народ
Бил, е и ќе биде единствен
во делата што го возвишуваат.
257. Болка последна
Секоја последна посилна
од сите пред неа неминливи.
258. Од свои заборавен
Гледам и во чекор следам
старец снеможен од самост.
259. Јазик
Еден јазик за разбирање
го ништат неразбрани.
260. Млади луѓе
Се собрале во круг без смисла
млади луѓе без свој светол пат.
Остави коментар