296. Обичен

Го препознаваат кај да е
секогаш каков што е.

 

297. Силата на водата

Нескротена вода
на земја и под земја.

 

298. Прелет

Мојот прелет од север до југ
е осаменички како птица.

 

299. Без страст

И тој и таа без страст
не можат ништо заедно.

 

300. Обѕирен

Обѕирен е спрема сè што
често се случува без него.