306. Корен

Длабоко в земја корен крај извори
на далечни предци и блиски потомци.

 

307. Гром

Гром преполови
семејно стебло.

 

308. Во спомени

Ѕвезди неугасливи
на спокојно небо.

 

309. Певец

Незапирна песна на певец
со жаловит и нечуен глас.

 

310. Мртва куќа

Затревени дебели ѕидишта
околу огниште без покрив.