316. Гол корен

Се соголил корен на утрина,
збира сила од сончеви зраци.

 

317. Жална земја

Изродници распарчуваат
грутка земја пустошна.

 

318. Безумие

Безумие безобѕирно
обессили светол ден.

 

319. Сплотени сили

Се сплотелие сили во одбрана
на земја и свое достојание.

 

320. Бедни богаташи

Крадено и валкано им е азното,
та скоро мрачнина ќе ги голтне.