326. Паѓаш, паѓаш

Од предолго паѓање
почна да се распарчуваш.

 

327. Власт

Имало власт и има власт
што не владее како власт.

 

328. Исчекување

Зналец се прашува дали може
да се случи досега неслучено?

 

329. Неразбирливо

Денеска едно, утре друго,
а никако не може трето.

 

330. Чувство

Чудно чувство дека и сега
ништо незнајно не се случува.