336. Млада жена

Спастрена излегува
на утринска прошетка.

 

337. На кеј

На кеј луѓе загледани
во надојдена матна река.

 

338. Верно куче

Верно куче без лаеж бара
свој стопан меѓу луѓе.

 

339. Вљубени сенки

Други ни пред нив ни зад нив,
па се издолжиле гушнати.

 

340. Скромна живеачка

На луѓево им треба
само леб, сол и љубов.