61. Цвеќиња

Цвеќиња гледам
на сонце слободни.

 

62. Миг на радување

Само еден миг на радување
меѓу безначајни меѓу нас.

 

63. Искрено

Искрено не ми значи ништо
дека не сум ти на виделина.

 

64. Некогаш

Некогаш се прашувам
дали си уште жива, љубов.

 

65. Одамна

Одамна не си како што
те знам расположена.