1.

Дали бил последен
тој што ја направил
првава грамада
среде пустинава?

Слушнав во здив
што ѝ порачува
на неизвесноста:

Грамадава сум јас,
камењава
моите голи коски,
а под неа мисла
дека животот
без мене секако
продолжува.