9.

Грамада од огнови
високи, силни,
нескротливи
како да се сплотиле
за да ја надминат
границата меѓу
небото и земјата.

Конечно да согорат,
конечно да пеплосаат
сè живо
што сè уште им се
спротивставува?

Баш зашто се збрале,
зашто се грамада,
огновиве високи,
силни, нескротливи
скоро ќе ги угасне
пороен дожд
и надојдена вода
од далеку, од близу.

Секако не без луѓе
на кои
границата меѓу
небото и земјата
им е сушност
на природата.