3.

Се нафрлиле ли сами
едни врз други
коскиве човечки
или некој ги нафрлил
по последна очајна,
однапред
изгубена битка?

Меѓу нив единствено
можам да препознам
коски на деца,
мажи, жени и стари,
многу од нив
испокршени.

Грамада коски
човечки
во пустелијава
која не знам кој
некогаш ја направил
безживотна.