2.

Ништо не навестува,
ништо не покажува,
ниту нешто укажува
дека грамадана
од сончеви изгреви
на доглед
е од самости и заборави.

Ниту дека во неа,
во нејзина сенка,
во нејзина тишина
ќе починам
за да продолжам
со нови сили
да освојувам непознати
простори и времиња
слободни во лет
низ небесните ширини.