16.

Грамадни луѓе живи и мртви
во грамадни времиња минати,
сегашни и идни.

Сите во грамада,
едни по други, едни со други,
едни крај други,
извишени, возвишени.

Со умност, дела и јунаства
прославени
во свет на народ исконски,
во земја што ја има
и кога ја имало
и кога ја нема.

Стојат пред нив нȇми луѓе
што немаат свои корени;
насилни, безимени,
без предци и потомци.

Од изгрев до залез на сонце
во нивна сенка студна,
непобитна,
достојна за длабока почит.