12.

Мигови со самости
збирам и редам
една на друга
секогаш, а најмногу
во невреме за мене.

Грамада од самости
до небо.

Ги збирам, ги редам
дење-ноќе,
сам и кога не сум,
кога сум во мене
надвор, внатре.

Само ќе доречам
дека оваа грамада
станува поголема
од сите други,
речиси најголема.

Скоро ќе почнам
да се оддалечувам,
да ме има од неа
што подалеку.