11.

Има една грамада
во мене
од спомени збирани
со години и векови:
на ближни и далечни,
на настани, премрежја,
на преживеалици,
на премрежја,
на сомнежи, жалости,
на секакви надежи
во живот и по смрт.

Во кои сум бил,
во кои не сум бил,
во кои веќе не сум.

Грамада од спомени
која знам
дека ќе исчезне
штом ќе исчезнам;

зашто не оставаат
трага безвремена.