77. Од врв на карпа во море

Јане Воденски случајно го запознав едно летно утро на врв на карпа. Решив да се фрлам од неа во мирното море, па се искачив очекувајќи дека тоа ќе биде убаво, може и возбудливо. Затоа што карпата е висока, стрма, а врвот ѝ е до небо.

Пред да се фрлам се загледав во длабината, ја наслушнав тишината во неа, просто се занесов, па не видов, ниту слушнав кога се искачил и седнал до мене.

-Често скокаш од врвов на карпава?,-ме праша.

-Не често. Прескокнувам две-три утра. Стрма е карпава, врвов е до небо…

-Јас скокав вчераутро и толку ми се допадна што решив да го правам тоа секое рано утро. Супер е. Се надевам дека ќе го начекам морево разбрането и иочекувам дека тоа скокање ќе биде нешто посебно.

Скокнавме заедно во длабината. Потоа меѓу два скока се согласивме дека тишината во него е неповторлива.

Се договоривме секое рано утро заедно да се искачуваме на карпата, да го искачуваме нејзиниот врв до небо и да скокаме од него во морето.