75. Учителка

Деспина Уткоска е учителка во пензија. Случајно дознав дека му била учителка и нему, а и една од неговите наставнички во погорните одделенија во основно. Госпоѓа во години, пензионерка со скромна пензија, живее самечи живот.

-Како не го паметам? Ова е мал град, сите добро се знаеме меѓусебно. Ги паметам сите мои ученици и сите на кои им бев наставничка. Нему и едното и другото….Каков ученик беше? Па…ај да речам едвај добар. Не внимаваше на часовите, забораваше да напише домашни задачи, не слушаше внимателно и тешко запаметуваше. На часовите се закачаше со другите, знаеше и да се степа со некое. Им се наметнуваше…Многу размазено дете на имашни родители…Едвај го протурка основното . Багодарение на нив и најмногу на мене.

Ја потпрашувам:

-А гледате до кај стаса, каква кариера направи, колку високо се искачи?

По кусо молчење:

-Не можам да се изначудам…Всушност, знам како. Бесрамно.

На разделба дорече:

-Нема уште долго…Ќе го фати гревот…Кој ќе му ги гледа гревовите!