70. Срдит

Го гледам срдит и го слушам:

-Ова веќе не се издржува! Јас не знам како издржува народецов. Секој ден од лошо полошо. Многу сум срдит. Ми иде да врескам!…Ништо за смирување не ми помага. Ни билки ни апови. Беда на духот, простаклак, недугавост, неспособност. А народецов молчи, како да го совладало безнадежие и рамнодушност. Се свиткал од товари и претовари. Ништо и никој не може да го подигне, да го придвижи…Многу сум срдит! Сега да ми излезе пред очи некој од власта не знам дали ќе се воздржам да не го подберам.

Му препорачувам:

-Не си сам. Нема кој не е толку срдит колку што си ти, па и повеќе. Често одам во длабокана шума над градов за да се изнавикам, да врескам дури ме држи гласот. И од ден на ден забележувам дека такви како мене и со мене се во сè поголем број. Придружи ни се.

По некое време на молчење:

-А кога одиш? Кога се збирате таму?

Му одговорив смирувачки:

-Секоја изутрина.

Се поднасмеа.