44. Лутина-Гнев-Бес

Многу нешта нè лутат и не нè оставаат спокојни. Добро е додека ја зауздуваме лутината, додека се воздржуваме да не ни се излее во гнев. Без оглед оти тие што ја предизвикуваат многу не му ја мислат. Ако се случи да пукнеме од лутина, ќе немаат време за мислење.

Оправданата лутина отворено искажана е всушност предупредување за оние што грешат. Па и безразложната само се чини таква.

Прва е лутината, а по неа гневот- бесот? Или се исти, а во покажувањето на силата различни? Повеќе ќе да е второво. Првото е како различни, лутина за себе и гневот-бесот за себе. Та ниту е таа по него, ниту тој по неа.

Имено, човек се лути помалку или повеќе и со време ќе си ја стиша лутината, но гневот-бесот често го вади од тактот. Му ја разнишува самоконтролата, па може да стори нешто што без него никогаш не би ни помислил.

Затоа гневот- бесот е прв за промисла, за умност од сите страни.

Македонски народни пословици за лутината

Го отепуа на лутината и си го однесуа.

Едно праи, друго расипуа од пустата негоа лутина.

Лутината е ѓаолцка.

Лутината е огон од вечната мака.

Лутината ет полојна на улавштината.

Лутината и злобата је ѓаолцка.

Лутината многу пакос сторила.

Му помина на детето лутината, од кога си ја изеде шлаканицата.

Секој чоек имат по малку лутина, а едни и улавштина.

Умнио чоек во лутината се познаат.

У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.

Шака, шака, после лутина и карачка.

Пословици од народите на светот

Кога му се лутиш некому, остави место за помирување. (Арапска)

Ако си го разлутил царот, обрати му се на народот; ако народот си го разлутил-бегај. (Грузиска)

На разлутениот пес фрли му коска. (Руска)

Лут а немоќен, сам на себе си непријател. (Руска)

Денешната лутина не чувај ја за утре. (Татарска)

Страшен е гневот на гладниот. (Татарска)

Лутиот човек отвора уста, а затвора очи. (Англиска)

Од голем ветер малку дожд. (Француска)

Кој на гневот не одговара со гнев, спасува двајца-и себеси и друг. (Индиска)

Кој дејствува во гнев, со едрата влегува во луња. (Холандска)

Немоќната лутина наликува на магаре во лавја кожа. (Германска)

Гневот со себе доведува страшни гости. (Германска)

Кој со гнев станува, тој со штета седнува. (Турска)

Да бидеш лут, значи да се одмаздуваш на самиот себе за грешки на други. Бесот никогаш не е без причина, но таа причина е ретко добра. Лутењето е лош советник. Кој станува со лутина, почесто е со загуба. (Турска)

Лесно е плитка вода да се замати и будала да се налути. (Српска)

Кај што сека и ќе загрми. (Повеќе балкански народи)

Кога овците ќе се разбеснат, полоши се од волк. (Повеќе народи на светот).

Латински зреки

Далеку од Јупитер, далеку од гром (буквално зн.). Подалеку од моќните, подалеку од нивниот бес. (Procul a Iove procul a fulmine.)

Човек мора да избега од гнев за да биде добар.

Најблиску до боговите е оној кого го придвижува разум, а не гнев.

Домисла, гесло, мисла водилка

Не треба да се жестиш поради она што може да се промени; уште помалку поради она што не може да се промени.
,,Nepszabadsag

Да се надмине лутината со мирнотија; да се надмине злото со добро. Да сед надмине пакоста со великодушност, а лажливецот со вистина.
Дхама-пада

Човек кој може да управува со својата лутина, како што кочијашот упрфавува со кочија во полна брзина-него јас го нарекувам добар возач. Останатите само ги држат уздите.
Дхама-пада

Рекле, издумале

Послушај го својот разум, а не својот гнев.
Вилјем Шекспир

Никогаш гневот добро не се бранел.
Вилјем Шекспир

Да работиш во бес е исто како да едриш во бура.
Еврипид

Не треба да се лутиш на околностите, зашто тие остануваат глуви.
Еврипид

Ако ти не можеш да го совладаш гневот, тој почнува тебе да те совладува.
Луциј Анеј Сенека

Гневот е краткотрајно лудило.
Луциј Анеј Сенека

Одлагањето е најдобар лек за лутина.
Луциј Анеј Сенека

Гневот го спречува духот да ја согледа вистината.
Марко Порциј Катон

Залуден е гневот без сила.
Тит Ливиј

Гневот на чесниот човек е мошне опасен.
Публилиј Сириј

Во добриот човек гневот брзо исчезнува.
Публилиј Сириј

Кој ќе го победи својот гнев, го победил најголемиот непријател.
Публилиј Сириј

Одбегнувај го гневниот човек кратко време, а непријателот долго.
Публилиј Сириј

Со добар совет повеќе ќе постигнш одошто со лутина.
Публилиј Сириј

Тивкиот говор го стишува гневот.
Соломон

Да бидеш лут, значи да се одмаздуваш на самиот себеси за грешките на други.
Александер Поуп

Бесот никогаш не е без причина, но таа причина е ретко добра.
Бенџамин Френклин

Да ѝ се подадеш на лутината, значи да се одмаздуваш на самиот себе поради други.
Џонатан Свифт

Никој не лаже така дрско како налутениот човек.
Фридрих Вилхелм Ниче

Длабоката река нема да се замати ако во неа фрлиш камен. Така е и со човекот. Ако човек се лути поради навреди, тогаш тој не е река, туку бура.
Лав Николаевич Толстој

Секогаш се потешки последиците од лутината, отколку нејзините причини.
Марко Антониј Аврелиј

Гневот е почеток на лудило.
Цицерон

Луѓето треба да внимаваат нивниот гнев да биде здружен побрзо со презир отколку со страв, така да се види дека се тие над навредата.
Френсис Бекон

Искрен мир им прилега ана луѓето, а дивиот гнев на ѕверовите.
Овидиј

Животот е поинтересен кога си лут.
Евгениој Евтушенко

Кога човек се лути на други или на себеси-во што е разликата? Која корист да се лутиш на оние што се лутат на нас? Човековиот гнев ја ранува сопствената добрина. Тоа е лчекор наназад од патот на мудроста. Дали огнот во една куќа ја изгорува соседната куќа, а најнпрви сама да не изгори?
Басава

Нема да бидете казнети поради својата лутина, ќе бидете казнети поради својата лутина.
Буда

Држењето на лутина е како фаќање жежок јаглен со намера да го фрлиме на некој друг; ти си тој што ќе се изгори.
Буда

Секој ден имаме изобилство прилики да се налутиме, да се стреснеме или навредиме. Но она што го правите кога им се препуштате на тие емоции дава нешто вон себе моќ над својата среќа. Можете да одлучите ситници да не ве вознемируваат.
Џоел Остин

Луѓето ќе немаат време за вас ако сте секогаш бесни или се жалите.
Стефен Хоукинг

Пријатели мои, љубовта е подобра од лутењето. Надежта е подобра од стравот. Оптимизмот е подобар од очајот. Значи, да бидеме полни со љубов, надеж и оптимисти и ќе го промениме светот.
Џек Лејтон

Не се осврнуваме во бес, ни напред во страв, туку околу свеста:
Џејмс Турбер

Лутењето е киселина која може да му наштети на садот во кој е ставена одошто на што било излеана.
Марк Твен

Спротивно од бес не е смиреност, туку негова емпатија:
Мехмет Оз

Здодевноста, бесот, тагата или стравот не се „ваши“, а не лични. Тие се услови на човечкиот ум. Доаѓаат и заминуваат. Ништо што доаѓа и заминува не сте вие.
Екхарт Тол

Зборувајќи обопштено, ако човечкото б итие никогаш не покаже бес, тогаш мислам дека нешто не е в ред. Не е во право во мозокот:
Далај Лама

Понекогаш сум тажен кога ќе слушнам лични приказни на тибетантски бегалци кои се мачени или претепани. Доаѓа некоја иритација, малку бес. Но никогаш не трае долго. Секогаш се обидувам да размислувам на подлабоко ниво, да најдам начини за утеха.
Далај Лама

Медитацијата може да ни помогне да ги прегрнеме грижите, стравот, бесот; а тоа е мошне лековито. Да ѝ допуштиме да на сопствениот природен капацитет на исцелувањето да ја заврши работата.
Тај Нхат Хан

Лутењето и нетрпеливоста се непријатели на правилното разбирање.
Махатма Ганди

Ако бесот произлегува од голема причина, се претвора во бес; ако е од мала причина, тоа е нељујбезност; а така е секогаш или ужасно или смешно.
Џереми Тејлор

За секоја минута кога ќе останете лути се одрекувате од шеесет секунди душевен мир.
Ралф Валдо Емерсон

Две нешта поради кои човек никогаш не треба да се лути: што може да помогне, а што не може.
Платон

Секој може да се разлути-тоа е лесно, но да се биде лут на вистинска личност и тоа во вистински степен и во вистинско време и во вистинска цел и на вистински начин-тоа не е во сечија моќ и не е лесно.
Аристотел

Имав голема среќа да се занимавам со спорт. Сиот бес во мене се угасна. Морав да го направам она што морав. Ако бидеш постојано лут, тогаш навистина немаш добар живот.
Вили Мејс

Паметно е својата лутина да ја насочите кон проблемите-а не кон луѓето; за својата енергија да ја сосредоточите на одговори, а не на изговори.
Вилјем Артур Вард

Најдобар лек за кратка нарав е долго шетање.
Жозеф Жубер

Што се однесува на мирот во себе, единствен начин на кој тоа можам е да им простам на луѓето кои ми сториле зло. Тоа предизвикува повеќе стрес за да се развие бес. Мирот е попродуктивен.
Родни Кинг

Кога ќе ги задржите бесот и непростувањето, не можете да одите напред.
Мери Џ. Блиџ

Лутината е ветер кој ја гасне светилката на умот.
Роберт Грин Ингерсол

Колку повеќе бес спрема минатото носите в срце, толку сте помалку способни да сакате во сегашноста.
Барбара Де Анџелис

Пет фази-негирање, бес, приговарање, депресија и прифаќање- дел се од рамката што го прават нашето учење на живеењето со оној што сме го изгубиле. Тие се алати кои ни помагаат да врамиме и препознаеме што би можеле да чувствуваме. Но тие во тага не се запирања на некое линеарно време.
Елизабет Кублер-Рос

Не се исплати да се каже премногу кога си доволно бесен за да се задавиш. Зашто збор кој најмногу пече е збор кој никогаш не се изговорил. Нека се кара друг колега додека бура не го однесе, тогаш толпата ќе размислува за работи кои не си ги рекол.
Жил Ренард

Држење бес, огорченост и повреденост само ви создава напнати мускули, главоболка и болна вилица од стегање заби. Простувањето ви враќа смеа и леснотија во вашиот живот.
Џоан Ланден

Доаѓаме од погрешни родители кои некогаш биле деца, кои одлучиле да имаат деца и кој морале да научат како да се биде родител. Се прават грешки и се нанесува штета, сеедно дали свесна или не. Секој има свои „нешта“, свои проблеми и свој бес спрема мама и тато. Тоа е она што е семејство. Семејството е речиси природно нефункционално.
Крис Пејн