41. Луѓе

Луѓето се луѓе ако се почитуваат меѓу себе, ако се разбираат, ако умеат да живеат заедно. Ако може едни со други, ако не барем едни покрај други.

Луѓето се луѓе, макар што ги има секакви. Прво добри или лоши, а потоа секакви други. Некои мислат дека немало, нема, а ниту ќе има добри. Некои дека се создадени едни за други, а за некои тие се единствено интересни или здодевни.

Македонски народни пословици

Луѓето сет врзани со ал`ш-верешо, како алките од синџиро.

Луѓето сет како тревата.
Мнозина што биле богати осиромашеле, и мнозина сиромаси се обогатиле.

Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.

Мнозина луѓе си мијат рацете, за да ручаат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза.

Мнозина луѓе умреле и се забораиле.

Мнозина се родиле луѓе и магариња умреле.

Од кога ќе нема луѓе прави и веков ќе пропаднит.

Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање.

Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборењето.

Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта божја.

Ретки сет тие луѓе што криво седат и прао зборуаат.

Сите луѓе еден збор немаат.

Сите луѓе едно не сет и едно лице немаат.

Сите луѓе сет луѓе; ама поразумните сет полуѓе.

Црвјето во земјата живеат, а не луѓето да не живеат.

Мило ми е на очите кога гледам арни луѓе.

Пословици од народите на светот

Послушај го оној што ќе те натера во плач, а не оној што ќе те засмее. (Арапска)

Ако живеат долго заедно, животните се засакуваат; луѓето се замразуваат. (Кинеска)

Латински изреки

Faber est suae quisque fortunae. (Секој човек е занаетчија на своето богатство.)

Homo sum. Humani nihil a me alieno puto. (Јас сум чове. Ништо човечко не ми е туѓо.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Нема луѓе што се секогаш добри; стравот и немоќта раѓаат ниски нагони.
Анонимус

Рекле некои

Не зависи од тебе дали сакаш да бидеш богат, но од тебе зависи дали сакаш да бидеш среќен.
Епиктет

Малкумина се оние што умеат да ги поднесуваат сопствените мани кај други луѓе.
Барух Спиноза

Само две сили ги обединуваат луѓето-стравот и интересот.
Наполеон Бонапарта

Ништо големо нема да биде постигнато без големи луѓе, а човек може да биде голем само доколку е решителен тоа и да стане.
Шарл де Гол

Луѓето се создадени едни за други, па ако треба или поучи ги или поднесувај ги.
Марко Аврелиј

Јас другите луѓе ги посматрам низ нивните добро особини. Со оглед дека ни јас не сум безгрешен, не би смеел да ги исиптувам туѓите грешки.
Махатма Ганди

За повеќето луѓе животот е како лошо време: застануваат и чекаат да мине:
Џек Лондон

Повеќе луѓе ги враќаат малите услуги, ги признаваат средните услуги и ги плаќаат големите услуги-со неблагодарност.
Бенџамин Франклин

Луѓето се како праски и круши: стануваат слатки малку пред да почнат да се расипуваат.
Оливер Вендел Холмс

Човечкиот род преувеличува сѐ живо, своите јунаци, своите непријатели, своето значење.
Чарлс Буковски

Кога напаѓаш некого кој е послаб од тебе, им даваш на луѓето на знаење дека ти е навистина потребна заштита.
Паоло Куељо

Колку помалку знаат за лошите дела на други луѓе, построги сме спрема самите себе.
Лав Толстој

Луѓето никогаш не биле добри, не се добри и никогаш нема да бидат добри.
Карл Барт

Можеби Бог сака да запознаеш многу погрешни луѓе пред да го запознаеш вистинскиот и кога ќе се случи тоа н а тоа ќе му бидеш благодарна.
Габриел Гарсија Маркез

Луѓето не се заточеници на судбината, туку заточеници на сопствениот ум.
Френклин Рузвелт

Луѓет се неразумни, нелогични и ориентирани кон самите себе. Сакај ги и покрај тоа.
Мајка Тереза

Постојат два вида луѓе: праведници кои себеси се сметаат за грешни и грешници кои себеси се сметаат за праведни.
Блез Паскал

Кога сите луѓе би знаеле што зборуваат едни за други, на светот не би имало ни четворица пријатели.
Блез Паскал

Апсурд е да се делат луѓето на добри и зли. Тие се или интересни или здодевни.
Оскар Финган Вајлд

Луѓе со ситни слабости не се подобни за големи подвизи.
Бранислав Нушиќ

Има луѓе кои повеќе се радуваат на туѓа несреќа одошто на своја среќа.
Бранислав Нушиќ

Да било човештвото разумно, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Артур Шопенхауер

Дивјаците заемно се јадат, а културните се мамат.
Артур Шопенхауер

Има малку нешта кои луѓето ќе ги одоброволат отколку кога ќе ја раскажеме несреќа која не снашла неодамна.
Артур Шопенхауер

Како што љубовта спрема животот е всушност само страв од смртта, така и друштвеноста на луѓето всушност не е директна; имено, таа не се засновува на љубовта спрема друштвоот, туку на страв од самотија.
Артур Шопенхауер

Луѓето илјада пати повеќе се трудат да стекнат материјално отколку духовно богатство, иако е сосема сигурно дека нашата среќа ја прави она што е, а не она што имаме.
Артур Шопенхауер

Луѓето во друштво ги тера внатрешна празнина и здодевност. Ако почувствуваат дека ни се потребни, луѓето стануваат бесни и арогантни.
Артур Шопенхауер

Луѓето се љубат за да не се караат.
Жан Пол Сартр

Има лоши луѓе кои би биле помалку опасни кога не би имало и нешто добро во нив.
Франсоа Ла Рошфуко

Луѓето никогаш не биле поблиски едни на други. Оружјето немало толку голем досег.
Станислав Јержи Лец

Повеќето луѓе се убијци зашто го убиваат човекот…во самиот себе.
Станислав Јержи Лец

Повеќето од луѓето се јадни суштества. Својата среќа ја градат на измами, а со зли очи гледаат околу себе.
Иво Андриќ

Најдобри луѓе се оние што се спрема себеси најстроги и кои им го простуваат она што на себеси никогаш не би си го простиле.
Јован Дучиќ

Меѓу ѕверовите е очигледна поделбата на диви, домашни, сурови, питоми…Меѓу луѓето е потешко: сите м ожат да бидат сѐ.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Кога стомина луѓе ќе се најдат заедно, секој од нив ќе го изгубат својот ум и ќе добијат друг.
Фридрих Ниче

Најчесто своето мислење за луѓето го формирам по десет секунди откако ќе ги сретнам-и многу ретко го менувам.
Маргарет Тачер

Има луѓе кои говорат по минута пред да помислат.
Жан д Ла Бриер

Повеќето луѓе го употребуваат најдобриот дел од својот живот за другиот дел да ги направи бедни.
Жан д Ла Бриер

Бескорисно е на човек со предрасуди да му ја докажувате неоправданоста не нговите предрасуди.
Иван Сергеевич Тургењев

На Бог му е сеедно, поимите на доброто и злото ги измислиле луѓе.
Хераклит

Очите и ушите на луѓето им се зли сведоци ако имаат варварски души.
Хераклит

Добриот човек се засрамува дури и пред пес.
Антон Павлович Чехов

Човек лут и пијан и детето говорат исто.
Цицерон

Човекот е по природа политичко животно.
Аристотел

Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори; кој така не прави, мора да пропадне.
Никола Тесла

Човекот со просечни способности секогаш ќе остане безначаен, дури и кога се изразува со начин на големи луѓе.
Езоп

На луѓето туѓата несреќа им е најдобар лек за сопствената.
Езоп

Не се сите родени со исти наклоности.
Езоп

Човекот е единствено суштество што одбива да биде она што е.
Албер Ками

Човеку, ѕирни прво во себеси. Во потрага по каменот на мудреците не мораш прво да патуваш во странски земји.
Ангелус Силесиус

Луѓето прават грешки-таков е жиквотот. Но да се сака никогаш не е погрешно.
Ромен Ролан

Луѓето умни и енергични се борат до крај, а луѓето глупави и бескорисни се покоруваат без каква било борба со сите ситни случајности на своето бесмислено постоење.
Дмитриј Иванович Писарев

Луѓето стареат, но не созреваат.
Алфонс Доде

Модерниот човек живее во измама дека знае што сака, додека всушност го сака она што од него се очекува да го сака.
Ерих Фром

Најголемиот човек секогаш останува дете.
Јохан Волфганг Гете

Се раѓаме, растеме во силата и убавината и, малку по малку, доаѓа до слом и веќе куцаме, грди сме, слаби; како е тоа можно?
Ежен Јонеско