40. Омраза- Пизма

Омразата е најсилна одбојност, презир и ненаклонетост, а ја раѓаат себичноста, завидливоста, повредата на други, љубомората и невозвратената љубов. Таа длабоко унижува, ранува до беспомошност.

Омразата не мора да се искажува. Може и со молк и со премолк да се докаже. Говорот на омразата, пак, не е за слушање оти е валкан, празнозборен, жолчен и без запирка и точка. Над сè срамотен.

Омразата се употребува единствено како злоупотреба. Некој некого мрази и омразата ја користи за да го насрчи, штета да му направи, да го урниса.

Омразата се раѓа кај ништожни, но и кај унижени, а неуки и неспособни да се одбранат од унижувачите. Белки со неа сè ќе надоместат, ќе повратат, па дури и внатрешна рамнотежа ќе воспостават. Помеѓу душата и срцето, свеста и совеста.

Ја шират околу себе и не можат да ја контролираат оние што мислат дека со сила можат да се наметнат, да доминираат, да владеат. Кога успеваат, омразата им станува неподнослива на сите.

Македонски народни пословици

Благост ја порази омразата.

Од Бога е речено: ако е гладен оној што те мрази, дај му леб, и ако е жеден, дај му вода.

Го клукнала и волкот змија.

Омразата помеѓу овчарот и песот му ја полни устата на волкот.

Пословици од народите на светот

После голема омраза секогаш ќе остане мала омраза. (Кинеска)

Омразата на непријателот ни покажува колку вредиме; љубовта на пријателите ни покажува колку за нив вредиме. (Руска)

Омразата е мајка на неправдата. (Германска)

Омразата и гневот полека стареат. (Германска)

Омразата и парите не му се покажуваат на целиот свет. (Германска)

Омразата и зависта го прошируваат пеколот. (Германска)

Силната љубов раѓа сто пати посилна омраза. (Јапонска)

Латински изреки

Омразата соборува високо, љубовта воздигнува ниско.

Домисла, гесло, мисла водилка

Никогаш омразата не се отстранува со омраза. Само благоста брише секоја омраза. Тоа е вечен закон.
Староиндиски запис

Оној што сите суштества ги гледа во себе и себеси во сите суштества, тој не знае за омраза.
Упанишади, староиндски филозофски расправи

Нека омразата која спрема некои луѓе ја носите никако не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни, тоа е најблиску до честитоста.
Куран

Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.
Библија

Омразата предизвикува раздор, а љубовта ги покрива сите погрешки.
Библија

Рекле, издумале

Ако на омразата се одговара со омраза, како ќе заврши омразата?
Конфучиј

Луѓето ги мразат оние што во нив побудуваат чувство на пониска вредност.
Филип Стеноп Честерфилд

Строгоста раѓа страв, но грубоста раѓа омраза.
Френсис Бекон

Омразата покренува конфликти, но љубовта ги покрива сите гревови.
Цар Соломон

Немоќната омраза е најлошата од сите емоции; човек не би го мразел оној кого може да го уништи.
Јохан Волфганг Гете

Кој мрази жени, всушност спрема нив е погалантен од оној што ги сака; имено, оној ги смета за несовладливи, а овој уште се надева дека со нив ќе излезе на крај.
Јохан Волфганг Гете

Имаме доволно религија за да нѐ замразат, но не и доволно за да се љубиме еден со друг.
Џонатан Свифт

Мразам, тоа предизвика многу проблеми во светот, но тој сé уште не го реши.
Маја Ангелоу

Омразата е премногу голем товар за да се носи. Тој му нанесува повеќе штета на оној што го мрази, отколку што му наштетува на омразениот.
Корета Скот Кинг

Не можете да мразите други луѓе без да се мразите.
Опра Винфри

Омразата е одмазда на кукавицата зашто е заплашена.
Џорџ Бернард Шо

Со текот на времето го мразиме она од што често се плашиме.
Вилјем Шекспир

Ако некого го мразат мнозина луѓе, тој мора да е добар човек.
Вилјем Шекспир

Лесно е да се мразиш и тешко е да се сакаш. Така функционира целата шема на нештата. Сите добри работи тешко се постигнуваат, а лошите работи е многу лесно да се добијат.
Рене Декарт

Омразата му штети на здравјето.
Рене Декарт

Омразата го парализира животот, љубовта ја ослободува, омразата го збунува животот, љубовта ја хармонизира, омразата го помрачува животот, љубовта ја осветлува.
Д-р Мартин Лутер Кинг

Мракот не може да протера мрак; тоа го може само светлината. Омразата не може да ја протера омраза; тоа го може само љубовта.
Д-р Мартин Лутер Кинг

Вистинскиот човек не мрази никој.
Наполеон Бонапарта

Омразата е лудост на срцето.
Лорд Џорџ Бајрон

Да уживате во она што треба, и да ги мразиме работите што треба да ги имаме, има најголемо влијание врз одличноста на карактерот.
Аристотел

Омразата не е добар советник.
Викторија Волф

Ние мразиме некои лица бидејќи не ги познаваме, а нема да ги запознаеме затоа што ги мразиме.
Чарлс Калеб Колтон

Омразата е злоба на љубовта.
Сер Валтер Рајли

Не постои способност на човечката душа толку постојана и универзална како онаа на омразата.
Хенри Вард Бичер

Омразата е лага, нема вистина во омраза.
Кетлин Норис

Омразата е како оган-тоа го прави дури и лесното ѓубре смртоносно.
Џорџ Елиот

Мразењето луѓе е како горење на вашата куќа за да се ослободите од стаорец.
Хенри Емерсон Фосик

Мразете помалку, живејте подолго.
Ајви Калер

Обидете се да ги разберете мажите. Ако се разберете, ќе бидете љубезни еден кон друг. Доброто познавање на човек никогаш не води до омраза, туку речиси секогаш води до љубов.
Џон Штајнбек

Ако вашата омраза се претвори во електрична енергија, ќе го осветли целиот свет.
Никола Тесла

Никој не се раѓа со омраза кон друг човек поради бојата на неговата кожа, неговото минато или неговата религија. Луѓето се учат да мразат . Ако можат да научат да мразат, тие можат да научат и да сакаат. Затоа што љубовта му е поприродена на човечкото срце отколку нејзината спротивност.
Нелсон Мандела

Ги мразиме оние луѓе кои се осмелуваат да го работат она што ние сакаме да го работиме.
Фридрих Хебел

Ги мразиме оние кои не можеме да ги презираме.
Мадам д` Арконвил

Борбата ја создала природата, а омразата ја измислил човекот.
Карел Чапек

Оној што се плаши од тебе во присуство, ќе те мрази во отсуство.
Д-р Томас Фулер

Во омразата е стравот.
Фридрих Вилхелм Ниче

Колку е чудно и колку е угодно-да се мрази.
Хенрик Ибзен

Многумина мразиме без причина, а за да ги засакаме бараме цврсти причини.
Јохан Каспер Лаватер

Омразата на слабаците не е толку опасна колку нивното пријателство.
Лук д Клапиер Вовенарж

Она што го мразиш е потврда дека баш тоа ти недостасува.
Роберт Ентони

Човековата омраза спрема здодевноста е еден од најважните придвижувачи на напредокот.
Ралф Линтон

Кога нашата омраза ќе порасне премногу, се спушта пониско од оние што ги мразиме.
Франсоа Ла Рошфуко

Луѓето секогаш најмногу го мразат она на што најмногу му завидуваат.
Милован Данојлиќ

Она што може да го стори љубовта изврши го сам, а омразата препушти им ја на други.
Балтазар Грацијан

Видовме од искуство дека омразата спрема народите за Евреите е начело на одржување.
Барух Спиноза

Никогаш омразата не се отстранува со омраза. Само благоста брише секоја омраза. Тоа е закон вечен и непроменлив.
Буда

Кога љубовта ќе стане заповед, омразата може да стане задоволство.
Чарлс Буковски

Кога мразам, си одземам на себеси нешто; кога сакам, станувам побогат за она што го сакам. Простувањето е повторно наоѓање на отуѓена сопственост-мизантропијата продолжено самоубиство; егоизмот најголема беда на едно суштество.
Фридрих Шилер

Омразата спрема самиот себе доведува до иста стравична осаменост и очај како и претераниот егоизам.
Херман Хесе

Во земја на омраза најмногу го мразат оној што не умее да мрази.
Иво Андриќ

Често мразев во самоодбрана. Но, да бев посилен никогаш не би прибегнал кон такво оружје.
Калил Џибран

Мразам и љубам. Зошто го правам тоа, можеби прашуваш?Не знам, но чувствувам дека така бидува и се мачам.
Катул

Јас се сметам себеси за неспособен да мразам кое било живо суштество на земјата. На долгиот пат на дисциплината на молитвата престанав пред повеќе од четириесет години да мразам кого било. Јас знам дека е тоа големо барање, сепак се придржувам на него со хуманост.
Махатма Ганди

Како може да се мрази и истовремено толку лесно да се прилагодиш на она што го мразиш?
Милан Кундера

Од интелектуално стојалиште, омразата е вечна негација, а посматрана од гледиште на чувствувањето омразата е облик на атрофија кој ги убива сите освен самите себе.
Оскар Вајлд

Злосторство е да се мрази девојка која еднаш си ја сакал; таквиот крај им прилега на дивјачките духови. Доволно е да се биде рамнодушен: оној што со омраза ја завршува љубовта, или уште ја сака или ќе му биде тешко да ја прекине.
Овидиј

Треба повеќе да се стравува од љубовта на жената одошто од омразата на мажот!
Сократ