35. Пријател-Пријателство

Без сè се може, без пријател не се може. Во светот не се живее без пријател. И во арно и во лошо ќе ти се најде. Ама и ти да му се најдеш. Не мoже да ти биде пријател оној кому ти не сакаш да му бидеш.

Имаш многу пријатели? Е, за разлика од тебе, кој нема ниеден, јас си имам малку како еден.

Не се може без пријател. Макар еден, а добро е да се што повеќе. Едно затоа што си посилен, поисправен, а друго оти можеш спокојно и сигурно да чекориш напред, кон лична или заедничка цел.

Во животот пријателството е подрагоцено од сè. Најдрагоцено. Не само оти е прво на припомош при неволја, туку и поради постојаноста на нашето опстојување пред која било загроза.

Пријателите не мора да се познаваат за да бидат, а познајниците можат да станат пријатели доколку најнапред се искрени помеѓу себе.

Mакедонски народни пословици

Ако го ватиш пријател камилџијата, брго прај ја повисока портата.

Да би го не остаил господ чоека без пријател.

Држ’ пријателе чесно и верно, за да не го изгубиш брго.

Јас душата си ја давам за пријателот.
Како е рад јунак за болен-побратим, така е сиромав за пријател.

Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.

Лут чоек пријател не држит.

Не јет за пријател, лели је вртоверец.

Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.

Пријател биди ми, ама в кесе не посегај ми.

Пријател за црни очи не се држи, ама за во нужда да ти се најдит.

Пријатели има и за чаша вино и ракија.

Пријател имат и од брат повелик.

Пријатело во нужда се познаат, а не во свадба.

Добри пријатели, ама и добри есапи треба да имаат.

Пословици од народите на светот

Подобро е пријателите да се чуваат, отколку да се создаваат. (Холандска)

Никогаш не барај од пријателот да го направи она што можеш самиот да го направиш. (Португалска)

На пријателот со кого не можеш да се разделиш не му кажувај навредливи зборови што не може да ги заборави. (Татарска)

Среќен е оној чии пријатели се родени пред него. (Англиска)

Среќата дава пријатели, а несреќата ги проверува. (Француска)

Треба да се има пријатели дури и во пеколот. (Француска)

Вистинскиот пријател нè бара тогаш кога ни треба. (Француска)

Средба со пријателот во странска земја-како дожд по суша. (Кинеска)

Кој нема ниеден пријател, оди како странец низ својата земја. (Кинеска)

Раната што ти ја задава пријател никогаш не заздравува. (Кинеска)

Биди кроток и скромен ако сакаш да те возвишат; фали ги туѓите добродетелства ако сакаш да стекнеш приојател. (Кинеска)

Човек има многу пријатели-сè додека не му се потребни. (Германска)

Пријателскиот гнев е краток и неправеден. (Полска)

Без добар пријател човек не ги запознава своите грешки. (Руска)

Поранешен пријател е полош од непријател. (Руска)

Кога го фалиш пријателот, остави место и за порекнување. (Руска)

Добриот пријател се познава во тесен кревет и широк пат. (Шпанска)

На пријателот кажи му ја лагата, па ако ја сочува кажи му ја вистината. (Шпанска)

Легни и преправај се дека си болен. Наскоро ќе дознаеш колку имаш пријатели. (Шпанска)

Ако пријателот се разбира само во тикви, не треба да му се зборува за дињи. (Италијанска)

На пријателите сме им пријатели, а на странците странци. (Турска)

Илјада пријатели се малку; само еден непријател е многу. (Турска)

Пријателите ги губиме и затоа што често ги викаме и затоа што ретко ги викаме. (Велшка)

Дури кога ќе почне да пука мразот, кќе знаеш кој ти е пријател. (Ескимска)

Не ја миј со оцет чинијата на пријателството. (Арапска)

Еден пријател-не е малку, ако се илјада-не се многу. (Арапска)

Најдрагоцени се оние пријатели што не ги познаваме. (Арапска)

Кој бара пријател без мана, останува сам. (Арапска)

Подобро е да му се прости на пријател, отколку тој да се изгуби. (Арапска)

Ручај со пријатели, но не склопувај со нив зделки. (Арапска)

Снема вино, снема разговор; снема богатство, снема пријатели. (Српска)

Ако ти е пријателот мед, немој да го изедеш сиот. (Српска)

Подобро е да му се биде непријател на добар човек одошто пријател на лош. (Јапонска)

Го прашале мудрецот: „Кого повеќе сакаш: својот брат или својот пријател?“ Мудрецот одговорил: „Го сакам својот брат, ако ми е пријател“. (Еврејска)

За да го запознаеш пријателот, треба со него да го поделиш наследството. (Еврејска)

Оној што бара пријател без грешка, ќе го нема никогаш. (Еврејска)

Латински изреки

Вистинските пријатели во неволја се познаваат (Amicus certus in re incerta cernitur.)

Ништо што би можел да направиш сам не очекувај од пријател.

Без пријател и најјакиот човек е несигурен.

Често човековата сенка е слична на пријателот: изчезнува штом ќе зајде Сонцето.

Држи се до нов пат, а стар пријател.

Научи се да живееш без пријател, зашто може да ти користи во денови на несреќа.

Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарност, тогаш не си дарувал, туку си продал.

Вистинското пријателство е ретка птица на земјата.

Домисла, гесло, мисла водилка

Подобро е паметен непријатели, одошто будалест пријател.
Панчатантра

Кога си во неволја, почукај на вратата на пријател и-ќе ти се отворат очите.
Анонимус

Рекле, издумале

Не е достоен да живее оној што нема ниту еден честит пријател.
Демокрит

Складноста во мислењето создава пријателство.
Демокрит

Нема пострашна пустош од живот без пријатели.
Балтазар а Моралес Грацијан

Најголема празнина е да се биде без пријатели.
Балтазар а Моралес Грацијан

Пријатели се оние што сме ги избрале не само поради наклонетоста, туку и дека ги испробала променливата среќа.
Балтазар а Моралес Грацијан

Треба да се навикнеш на грешките во карактерот на своите пријатели, како и на грди лица.
Балтазар а Моралес Грацијан

Човек нема пријатели, ги има само неговата среќа.
Наполеон I Бонапарта

Пријателите среќата ги создава, а неволјата ги проверува.
Луциј Анеј Сенека

Пријателот прекорувај го насамо, а јавно фали го.
Луциј Анеј Сенека

Тешко да се имаат сите луѓе за пријатели. Доволно е да се нема непријатели.
Луциј Анеј Сенека

Повеќето луѓе уживаат во инфериорноста на своите најдобри пријатели.
Филип Стеноп Честерфилд

Ние имаме помалку пријатели отколку што замислуваме, а повеќе отколку што знаеме.
Хуго Фон Хофманстал

Ако создаваш нови пријатели, не заборавај на старите.
Еразмо Ротердамски

Пријателите ни кажуваат што треба да правиме; непријателите нè учат што мораме да правиме.
Јохан Волфганг Гете

Подобро е да се измамиш во својот пријател, одошто ти да мамиш.
Јохан Волфганг Гете

Победените немаат пријатели.
Роберт Сутеј

Дали си му на својот пријател чист воздух, самотија, леб и лек?
Фридрих Вилхелм Ниче

Понекогаш стекнуваме пријател благодарение на околноста дека не сме му дале можност да ни завифува.
Фридрих Вилхелм Ниче

Ако си роб, не можеш да бидеш пријател. Ако си тиранин, не можеш да имаш пријатели.
Фридрих Вилхелм Ниче

Вистинските пријатели доаѓаат кај нас кога сме среќни и кога ќе ги повикаме; ако сме несреќни, тие доаѓаат сами.
Теофраст

Секој ќе знае да ви каже колку има кози и овци, но не и колку има пријатели.
Сократ

Не оди пред мене, можам да не те следам.
Не оди зад мене, можам да не те водам.
Просто, оди покрај мене и биди мој пријател.
Албер Ками

Дваајца пријатели не се сакаат на ист начин: еден љубви, а други подметнува образ.
Албер Ками

Првиот пријател е како второ Јас.
Цицерон

Вистинскиот пријател можеме да го сметаме за ремек-дело на природата.
Ралф Валдо Емерсон

Единствена награда на добродетелта е самата добродетел; единствен начин да имаш пријател е да се биде пријател.
Ралф Валдо Емерсон

Шапка и пари создаваат пријатели.
Педро де ла Барка Калдерон

Ако ги трпиш грешките на пријателот, правиш свои.
Овидиј

Склопувај пријателство само со рамни со тебе.
Овидиј

Колку повеќе ги сакаме нашите пријатели, толку помалку им ласкаме.
Молиер

Внимателно избирај ги пријателите затоа што има луѓе што се заразни како болест.
Максим Горки

Некого е подобро да се има меѓу непријателите, одошто меѓу пријателите.
Фјодор Достоевски

При изборот на пријател биди бавен; при промена уште побавен.
Бенџамин Франклин

Пријател на сите не е ничиј пријател.
Артур Шопенхауер

Оддалеченоста и долгата отсутност се најголемото искушение за љубовта и пријателството.
Артур Шопенхауер

Поголема срамота е да се нема доверба во свои пријатели, одошто да се биде измамен од нив.
Франсоа Ла Рошфуко

Прекинатото пријателство е како прекинат конец: може да се продолжи, но јазолот останува.
Франсоа Ла Рошфуко

Не е секогаш достоен да ни биде пријател оној што ја наметнува својата присутност.
Плутарх

Пријателе, извлечи ме од неволја, а после држи ми лекција.
Ла Фонтен

За да најдеш пријател мораш да замижиш на едно око; за а го задржиш-на обете.
Норман Даглас

Пријател не може да се смета за пријател ако не се испроба во три можности: во случај на потреба, зад твојот грб и по твојата смрт.
Хазрат-Али

Кој не носи во гроб барем неколку удари со нозе на свои пријатели?
Вилјем Шекспир

Мојот леб може да биде материјална ствар; лебот на мојот пријател е духовна ствар.
Николај Александрович Берѓаев

За нас се суди според нашите пријатели.
Николај Александрович Берѓаев

Не напуштај го стариот пријател, зашто новиот не му е рамен. Новиот пријател е како ново вино.
Бен Сирак

Платон е пријател, но поголем пријател е вистината.
Аристотел

Пријателството е една душа во две тела.
Аристотел

Оној на кого е искрено до пријателство, не настојува да добие пријател, туку да стане пријател.
Симонид

Пријателството е спогодба со која се обврзуваме дека на пријателот ќе му вратиме мали во замена за негова голема услуга.
Монтескје

Пријателството е хармонична еднаквост.
Питагора

На пријателите им е сè заедничко.
Питагора

Пријатна е глетката кога срдечно пријателство игра допадлива игра на размена на пофалби.
Оливер Вендел Холмс

Да се сака и да не се сака иста работа е хармонично пријателство.
Гај Крисп Салустиј

Малку пријателства би се одржале кога секоја страна би знаела што за неа зборува во негово отсуство.
Блез Паскал

Пријателството е како парите: полесно се стекнува одошто се сочувува.
Семјуел Батлер

Пријателството ги удвојува радостите и ги дели на две жалостите.
Френсис Бекон

Нема пријателство меѓу луѓе што мислат поинаку.
Меша Селимовиќ

Еднакви со еднаквите најлесно се здружуваат.
Цицерон

Со благороден и мудар пријателство врзувај. Од никаквец и лудак илјада милји бегај! Ако ти дадат паметен отров, испиј го. По нектар од раце на простак не тежнеј.
Омар Хајам