33. Јадење-Храна-Манџа

Прво за јадење да имаме, а за друго после ќе видиме. Кога немаш за јадење себеси се немаш, а и други те немаат на ум. За последен ќе те земат, во своите редови ќе те примат колку да не умреш од глад. Засега уште се трпи некако ова што се прави и ни се направи.

Колку за јадење барем уште малку имаме.

А власта си ја знае работата. Не треба да ѝ се мешаме, туку само да ја слушаме. Таа вели дека треба да издржиме, а после сè ќе биде полесно.

За оние што ќе издржат. Ако по издржувањето има уште такви-издржливи.

Да јадеш колку никогаш да не се најадеш. Храната  е здравје кога го продолжува животот, а болест кога го скусува.

Важно е што јадеш, но е исто толку важно колку јадеш. Јади умерено и здраво, значи никогаш многу и секогаш она што ти ја крепи снагата и ти ја обновува расположбата.

Mакедонски народни пословици

Леб и вода е најарна рана.

Ако има масло, и папратта манџа бидуат.

Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.

Барабар манџа, барабар канџа.

Грнчарот во ветво грне манџа варит.

Леб нема, манџа сака.

Манџа што не јадит, што се грижиш ак’ изгоре.

Маслинка манџа не бидвит.

На секоја манџа и мирудија се правит.

На секоја манџа и црн пипер бидуат.

Поарно е сол и леб сос слатка лакардија, а не многу манџи сос лоши лафове.

Таман свадба докарал, ни леб прескокна, ни манџа достигна.

Во чужда манџа не турај сол.

Пословици од народите на светот

Треба малку да јадеме за да можеме да јадеме. (Италијанска)

Колку што јадењето се намалува, гладта се зголемува. (Данска)

Не знае што е тоа добар оброк оној што секој ден има гозба. (Англиска)

Кој се срами да јаде, се срами да живее. (Француска)

Посреќен е оној што радо би јадел, а нема што, отколку оној што има, но не може. (Германска)

Никој не се покајал оти умерено јадел и малку зборувал. (Германска)

Кој без јадење легнува, во невреме станува. (Романска)

За сè е потребна вештина, а за јадењето волја. (Шпанска)

Кој сит јаде, со своите заби гроб си копа. (Турска)

Устата е мала, но голтаат ридови. (Турска)

Јадењето на сиромавиот наполу се готви. (Туркменска)

Јадењето и жените немаат вкус ако не се дотераат. (Романска)

Штета е за јадењето што сами го јадеме. (Персиска)

За разлика од луѓето, кучињата, кога ќе се најадат, се подготвени да им го препуштат еден на друг она што останало. (Арапска)

Живееме од чевртина од она што ќе проголтаме. Од преостанатите три четрвтини живеат лекарите. (Египетска)

Подобрата храна дај им ја на други, поубавата облека стави ја на себе. (Калмичка)

Латински цитати

Повеќе луѓе умреле од претерано јадење и пијачки, отколку од меч.

Домисла, гесло, мисла водилка

Сè што создал Бог е добро; можеме сè да јадеме со уживање ако сме за тоа благодарни.
Библија

Крен раце од секо обед што ќе ти се заслади.
Талмуд

Пред да седнеш за маса, најнапред нахрани ги своите животни.
Талмуд

Ако се јаде со лутина, храната станува отров. (Суфистичка)

Секое утро јади рано/ А напладне биди сит./ За вечера-слаба храна/ Уште поарно гладен да си. (Кинеска песничка).

Кажи ми што јадеш, да ти кажам кој си. Кога ќе те видам како јадеш, ќе ти кажам каков си.
Анонимус

Рекле, издумале

Нашата храна треба да биде лек, а наш лек треба да биде храната.
Хипократ

На мажот лесно престанува да му се допаѓа оваа или онаа жена, но тој не престанува да ја сака својата омилена хана.
Перл Бак

Кој се опијанува и прејадува, тој не умее да пие и да јаде.
Антем Брилат-Саварин

Мажот е позадоволен кога на масата има добар ручек, отколку неговата жена да зборува латински.
Д-р Семјуел Џонсон

Допуштете да се смеам со сиромав, а да ручам со богаташ.
Д-р Семјуел Џонсон

Со јадењето се искажува половина од емоциите на животот.
Сидни Смит

При јадењето треба да се има на ум дека храната во устата останува само една минута, во стомакот неколку часа, а на колковите со месеци или засекогаш.
Мадам Леконт

Стомакот  е страотна пречка, зашто секој момент го прекинува летот на духот од телото.
Виктор Иго

Нема поискрена љубов од љубовта спрема ханата.
Џорџ Бернард Шо

Да се јаде, да се пие и да се облекува е животна потреба, но не и смисла на животот.
Карл Маркс

И претераното и недоволното земање храна и пијалоци подеднакво ја разурнува снагата, додека вистинската мера во овие работи, напротив, дава здравје, го јакне и го чува.
Аристотел

Која храна е најдобра?-Онаа што самиот си ја заработил.
Мохамед

Ненаситноста е емоционално бегство-знак дека нешто нè јаде.
Хуго де Врис

На слободата на изборот меѓу задоволувањето на апетитот и борбата за спиритуалност лежи човечкото достоинство.
Пјер Лекомт Де Нуи