32. Здодевност/Досада

На оној што навикнал залудно да си го троши времето секоја работа брзо му станува здодевна. Потонал во сопственото безделничење и сè повеќе им станува здодевен на оние што не можат без промени, без менување на ритамот на живеачката.

Ништо добро кога сè станува очајно здодевно. Очајот од здодевноста е болест што се боледува до умирачка.

Тешко на оние на кои животот им здодеал.

Лесно со здодевните. Само да не им дозволиш да ти се качат на глава. Навреме тргни ги од себе, кажи им и покажи им навреме колку колку се здодевни и дека како такви не се за ништо. Навреме кажи им дека нема да бидат она што се надеваат и оти со својата здодевност ништо не можат да постигнат.

Здодевноста навалува во невреме. Никогаш во време. Тогаш не очекувај да те побараат оние на кои некогаш, а не секогаш си им се нашол при рака. Зашто си милувал и милуваш да бидеш многу повеќе со себеси.

Вгради се во стварноста, во сега и овде, но не без твоето и заедничкото вчера за утре. Без нив немаш континуитет и немаш идентитет, па не некогаш ами секогаш ќе им бидеш здодевен на блиските и далечните. И не си, и нема да бидеш свесен колку не си внимателен, колку си нетрпелив и незадоволен од сè околу тебе и во тебе.

Да, здодевноста е една од најголемите опасности во нашиве цивилизациски услови што навалува, што ја деструира и ја (само)унижува личноста, нејзиниот интегритет и идентитет. Освен ако духот во тебе, оној творечкиот нешто значи.

Mакедонски народни пословици

Кому сè му здодева, тој и самиот е здодевен.

Нема таква работа што на безделникот не му станува здодевна.

Безделничењето ја сака здодевноста.

И евангелието не може долго да се слуша.

Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата.

Ако немаш работа, стани испат (сведок); ако имаш пари, стани кефелен (главар, старешина).

Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.

Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.

Пословици од народите на светот

Раце со плускавци не знаат за здодевност. (Руска)

Здодевноста е мајка на сите пороци. (Руска)

Кому му е секој ден здодевно, не смее да се жали дека е кус животот. (Германска)

Кога небото е долго време сино, му се веселиме и на еден темен облак. (Германска)

Од домашниот леб децата брзо се заситуваат. (Романска)

Од леб од една фурна брзо се заситуваме. (Словачка)

Латински изреки

Долга досада ги исполни твоите мисли со непроѕирна магла. (Vulnerat omnes ultima necat)

Домисла, гесло, мисла водилка

Подобро е да се биде непристоен одошто здодевен.
Веселите жени виндзорски

Здодевност е кога немате каде да се сокриете, а осаменост кога немате со кого.

Постојат луѓе што се толку образовани што можат да ви досадат по која било тема.

Рекле, издумале

Здодевноста е болест на среќните луѓе; несреќните никогаш не се досадуваат оти се премногу вработени.
Абел Дефресне

Подобро е да се работи најбезначајна работа на светот отколку да се биде половина час безначаен.
Јохан Волфганг Гете

О, здодевност! Ти си мајка на Музите.
Јохан Волфганг Гете

Здодевноста е пустош на душата.
Николај Василевич Шелгунов

Здодевноста е нашиот најголем непријател.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Секој стил е добар освен оној што е здодевен.
Франсоа Волтер

Здодевноста е полусестра на очајувањето.
Мари фон ЕбнерЕшенбах

Стерилен е оној што на ништо не се досетува; здцодевен е оној што има неколку стари мисли кои секој ден одново му паѓаат на памет.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Здодевноста е ознака на медиокритетите: тие се досадуваат затоа што во самотија се среќаваат со самите себе.
Жозеф Мари Девондел

Најнесреќни се оние луѓе кои во себе се досадуваат.
Јозеф Чапек

Речиси секогаш ни е здодевно со луѓе со кои не би смееле да се досадуваме.
Франсоа Ла Рошфуко

Најдосадно е во друштво на оние кај кои не е допуштено да ни е досадно.
Франсоа Ла Рошфуко

Всушност, не е точно кога се вели дека здодевноста е општо зло. Општо зло е кога е човек безработен или, подобро да се изразиме, кога денгуби. Тогаш не ја доживува здодевноста во форма на чмаење, а таков вид на здодевност им е својствен на оние во кои духот нешто значи.
Џакомо Леопарди

На човек ништо не му е понеподносливо од здодевноста.
Блез Паскал

Сите луѓе се здодевни, освен кога ни требаат.
Оливер Вендел Холмс

Луѓето во друштво ги тера внатрешна празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, луѓето стануваат насилни и арогантни.
Артур Шопенхауер

Двајца непријатели на човечката среќа се болката и здодевноста.
Артур Шопенхауер

Здодевноста е неизбежна само за оние кои не познавале други задоволства освен сензуални и друштвени, не водејќи грижа за богатење на умот и развојот на своите моќи.
Артур Шопенхауер

Нема време за секојдневна досада. Постои време за работа. И време за љубов. Тоа не остава простор за некое друго време.
Коко Шанел

Мозокот на безработниот човек е омилено живеалиште ѓаволово.
Лав Толстој

Дури и спиењето и љубовта досадуваат ако се премногу.
Хомер

Здодевноста е смрт на душата.
Норман Винсент Пил

Здодевноста е жалост без љубов.
Николо Томасео

Досаден човек е она лице што зборува за себе кога ние би сакале да зборува за нас.
Чарли Чаплил

Му досдадува на човек секој ден да работи едно те исто.
Џенифер Анистон

Друштво составено само од големи луѓе би било мошне малубројно и досадно. Големите луѓе не се поднесуваат меѓусебно и воопшто не се духовити.
Анатол Франс

Здодевноста е болест на среќни луѓе. Несреќните никогаш не се досадуваат зашто се превработени.
Албер Ками

Кој рекол дека здодевноста е долга како пат, можел исто така да рече и дека патот е долг како досада.
Калистрат Хогас

Она што не минува, о вие сјајни и моментни визии,
она што не минува како што вие исчезнувате туку трае
и нè мачи и триумфира тоа е сива досада, тоа е влажно
студенило, тоа е силна костоболка на животот.
Енрико Ненциони

Здодевноста е еден единствен збор, краток збор, кој има само десет букви, но нејзиното доживување е цела книга која човек додека е жив не би можел да ја прелиста, па ни набрзина.
Карло Бини

Здодевноста е најнеподносливата болка од сите наши болки зашто е таа болка на умореноста, па во нас не предизвикува сила која би можела да ја совлада.
Карло Бини

Има луѓе кои не знаат да губат време сосем сами: тие се вистинска напаст за вработените.
Луис-Габриел Боналд

Здодевноста е ѓавволова перница.
Лудвиг Холберг

Желерзото мораме да го коваме додека е врело, а можеме да го дотераме кога безделничиме.
Џон Драјден

Кога некој го прашал владетелот Дионизиј Постариот далимима доволно време за безделничење, тој одговорил:-Тоа мене никогаш не ми се случува!
Плутарх

Секогаш имам време за безделничење како што го имаат сите луѓе кога тоа го сакаат.
Луциј Анеј Сенека

Секоја глупост пати од својата здодевност.
Луциј Анеј Сенека

Безделничењето е темел на секоја книжевност.
Аристотел

Здодевноста и безделничењето се мајка на филозофијата.
Аристотел

Без спротивности нема напредок. Тоа е закон што го следела цивилизацијата на здодевноста.
Карл Маркс

Убавината е во несовршеноста. Лудилото е генијално и подобро е да се биде апсолутно смешен одошто апсолутно здодевен.
Мерлин Монро

Мажите искрено почитуваат сè што ќе им досади.
Мерлин Монро

Навистина сум немал возбудлив живот. Постојат многу нешта кој би сакал сам да ги направев, наместо што само седев и се жалев на тоа дека имам здодевен живот. Затоа доста сакам да измислувам. Секогаш попрво ќе раскажувам приказни за некој друг.
Курт Кобејн

Животот е подобар од смртта, верувам јас, ако е само затоа што е помалку здодевен и зашто има свеш праски во него.
Алис Волкер

На луѓето влијаат тревите и дрвјата, дождот и месечината, и тоа често многу појако отколку други луѓе, а тие појави на твојот разум малку се однесуваат. Можеби еднаш мудреци како тебе ќе постигнат многу повеќе да се однесуваат на мене луѓе кои не ги познавам отколку карпата над мојата куќа и грмушките од мојата градина, но го молам Бога да не го дочекам тоа среќно време. Можеби некогаш човечкиот свет и ќе се уредува според налозите на разумот, но тоа ќе биде здодевен и сув свет, без што било од она поради што вреди да се живее и на што со радост се трошат животот и луѓето.
Џевад Карахасан

Единствена стравотија на светот е енуи (енуи-здодевност). Тоа е единствен грев што не се простува.
Оскар Вајлд

Тајната да бидете здодевни е во можноста да раскажете сè за себе.
Оскар Вајлд

Кога им е на луѓето досадно, досадно им е најнапред поради тоа што се досадни на самите себе.
Конфучиј

Кој е преку мера пристоен, станува здодевен.
Константин Кавафи

Здодевноста е жалост без љубов.
Ралф Линтон

Човековата омраза спрема здодевноста е еден од најважните придвижувачи на напредокот.
Вилјам Шекспир

Здодевноста е судбина на успешните.
Алишер Фаиз

Здодевноста е кај нас дома.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

На богатите им недостасува повеќе.
Хенрик Јагоѕински

Здодевните луѓе се секогаш самоуверени, а самоуверените луѓе се секогаш здодевни.
Хенри Луис Менкен

Стареењето е здодевно, но тоа е единствен начин да се живее долго.
Фаина Раневскаја

Светот е здодевен за здодевни луѓе.
Роберт Стивенсон

Кој сиотг свој труд го вложува во забава, рескира долго да му биде здодевно.
Пјер Буаст

Лек за здодевност е љубопитноста. Но не постои лек за љубопитност.
Дороти Паркер

Ако вие здодевно со себеси, тогаш сте во лошо друштво.
Жан-Пол Сартр

Да се работи не е така здодевно како забавата.
Шарл Бодлер

За да живеете слободно и среќно морате да ја жртвувате здодевноста. Ова не е секогаш лесно жртвување.
Ричард Бах

Подобро смешно чудовиште одошто сентиментална досада.
Фридрих Ниче

Впрочем, здодевноста е најчеста карактеристика на постоењето и можеме само да се запрашаме зошто толку малку се изгубила во прозата на 19. век така наклонета кон рерализмот.
Јосиф Бродски

Досадата е француски збор, но ова е наша посебност англиски.

Џорџ Бајрон