126. Морал-Етика

Исправен човек човештина го крепи и ниеден ветар не може да го одвее. Таквиот живее, преживува, а ни живуркање многу не му тежи. Затоа што е човек на место, затоа што во него е сè тамам.

Во секое општество вредностите и делата што го чинат, што го темелат, што го градат и надградуваат моралот се наметнуваат како conditio sine qua non-услов без кој не се може, не се живее и не се опстојува. Во работењето-создавањето, се подразбира и во владеењето со себе и со други.

Да се биде морален, тоа значи да се промислува и домислува секогаш докрај, да се биде искрен, чесен, со добрина во срцето, со добра мисла и чест, достоинствен и доблесен. 

Македонски народни пословици и изреки

Никој не можи да му се испраи пред него.

Напраил работа за голема приказна.

Ако немаше таквие салам луѓе, веков ќе пропаднеше.

Од него посалам чоек не барај.

Добрината добрина носи, а лошото лошо носи.

Со деца не сркај маштеница оти ќе те испрскаат.

Кроток и смирен, веќе да нема каде.

За резил стана со тие пусти лаги.

Не мисли крајо кај ќе му излезит.

Кој не го припознаа доброто, тој му је род на ѓаоло.

Лош збор не вади од устата за да не те чуе ѓаоло и да те пиши во тевтеро.

Спроти чоеко, и честа.

Гладуам, жедуам, гол, бос одам и на честа си стојам.

Греота е да лажиш, ами и страмота е да се лажиш.

Ми капна лицето од страм.

Страмотата седит во безработата.

Тој што нема страм, нема ни грев.

Пословици и изреки од народи на светот

Подобро е црвено лице, одошто црн образ. (Португалска)

Кога ќе се изгуби срамот, казните не помагаат. (Португалска)

Кој е способен со образот да црвенее, тој не може да биде со црно срце! (Кинеска)

Кој се плаши од казна, не станува толку лесно зол. (Кинеска)

Секое чесно добро полека капе, нечесното изобилно притекува; но малото и праведното е подобро одошто многу, а зло! (Арапска)

Плати што должиш, па ќе знаеш што имаш. (Шпанска)

Подобро е со добар и да се краде, одошто со зол да се моли. (Шпанска)

Кој на крадец му гледа низ прсти, и самиот е крадец. (Шпанска)

Зборувај за туѓи, па многу брзо ќе слушнеш и за своите. (Руска)

Високи заклетви укажуваат на ниски лаги. (Германска)

Брзо заборави да го молиш оној што тоа во нужда морал да го научи! (Германска)

Кој сака други да казнува, треба од себеси да почне. (Германска)

Латински изреки

Моралот опаѓа штом ќе зајде Сонцето.

Подобро е неправдата да се трпи одошто да се нанесува.

Секој има толку права, колку што има моќ.

Домисла, гесло, мисла водилка

Ниту државата, ниту владетелот, ниту палката во рацете на редарот не владеат над човекот. Само моралните закони ги штитат луѓето од луѓе.
Махабхарата

Технички сме зрели за вселенски извидувања, но сме етички уште во каменото доба.
Литературнаја газета

Може совеста да е извор на моралот, но моралот никогаш не бил извор на она што совеста го смета за добро.
Анонимус

Кога добри морализираат, предизвикуваат гадење; кога зли морализираат, предизвикуваат страв.
Анонимус

Рекле, издумале        

Знаењето е основа на моралот: човек мора да знае што е добро, па и самиот ќе биде добар.
Сократ

Има многу религии, но само еден е моралот.
Џон Раскин

Кај што се суперморализира, таму е аморалноста.
Семјуел Тејлор Колриџ

Современото општество има два морала: еден што го проповеда, а не се придржува на него, и друг на кого се придржува, а не го проповеда.
Бертранд Расел

Нанесувањето суровост со мирна совест е уживање за моралистите. Затоа го измислиле пеколот.
Бертранд Расел

Етиката е обид на некои наши желби да им се даде универзална важност.
Бертранд Расел

Живееме со двоен морал: исповедаме еден, но не го користиме во практиката, а користиме друг, но го исповедаме мошне ретко.
Бертранд Расел

Салто морале е поопасно од салто мортале.
Станислав Јержи Лец

Моралот паѓа на сè поугодни постели.
Станислав Јержи Лец

За моралната позиција секогаш размислуваме како за вертикална, а за неморалната како за хоризонтална.
Станислав Јержи Лец

Моралот е или условуван или се плаќа на самото место.
Станислав Јержи Лец

Највисок можен степен на морална култура е кога ќе сфатиме дека сме во состојба да ги контролираме своите мисли.
Бенџамин Дизраели

Едно е да се лаже, друго е да се згреши во говорот и да се отстапи од вистината со зборови поради заблуда, а не зла намера.
Пјер Абелар

Сето наше достоинство лежи во фактот дека сме способни да размислуваме. Да се обидеме да размислуваме правилно: тоа е  основа на моралот.
Блез Паскал

Вистинскиот морал го занемарува моралот.
Блез Паскал

Моралните квалитети на човекот не мораат да се судат според неговите индивидуални напори, туку според секојдневниот живот.
Блез Паскал

Во моралот, како и во уметноста, да се зборува не е ништо-да се работи, тоа е сè.
Жозеф- Ернест Ренан

Паметниот човек истовремено е и морален.
Аристотел

Моралните квалитети се откриваат во врска со намерата.
Аристотел

Природата му дал на човекот оружје во неговите раце-интелектуална морална сила, но може да се употреби ова оружје во спротивна насока, поради тоа човек без морални начела се утврдува како најбезбожно и најдиво суштество, втемелени во своите сексуални и вкусовни инстинкти.
Аристотел

Постои само еден морал како што постои само една геометрија: тие два збора немаат множина.
Антоан Риварол

Луѓето без морал се најпрактични: неограничени се можностите за нивна употреба.
Душан Радовиќ

Моралот треба да стане содржина на универзална религија.
Роџер Бејкон

Во моралот и нијансите имаат голема вредност.
Артуро Граф

Најнапред доаѓа храната, па потоа моралот.
Бертолд Брехт

За моралот знам само толку дека е морално она по што се чувствуваме добро, а неморално она по што се чувствуваме лошо.
Ернест Хемингвеј

Моралистот и мислителот секогаш одат рака под рака.
Божидар Ковачевиќ

Кралевите и боговите кои наметнуваат морал, никогаш не му се потчинети на никаков морал.
Едгар Морен

Ние сите добро знаеме дека воопшто не постојат луѓе совршено добри или совршено зли. Можеби не ги прекршуваме сите десет божји заповеди, но сите сме без сомнение подготвени тоа да го сториме. Во нашето внатрешно битие демне демон секогаш подготвен да избие на површината и да ги прекрши моралните закони.
Изадора Данкан

Како и сè што е човечко, и моралот е променлив, релативен-зависи од приликата, средината и времето.
Јован Скерлиќ

Свеста и моралот во луѓето заостанува зад економскиот развиток.
Карл Маркс

Моралот не е учење за тоа како треба да се усреќиме, туку за тоа како треба да станеме достојни за среќа.
Карл Маркс

Ако правилно сфатен интерес го чини начелото на секој морал, тогаш е потребно да се настојува да се обезбеди приватниот интерес на поединецот да се совпаѓа со интересите на целото човештво.
Карл Маркс

Морална сила не може да се создаде со параграфи на закон.
Карл Маркс

Моралот се темели на автономија на човечкиот дух.
Карл Маркс

Моралот е „импотенција на дело“. Секогаш кога влегува во борба со некој види порок, таа е поразена.
Карл Маркс

Независниот морал ги навредува универзалните начела на религијата, а специфичните концепти на религијата се спротивни на моралот.
Карл Маркс

Никаков морал не би смеел да е заснован на авторитет, дури и да потекнува од божество.
Алфред Џулс Ајер

Неопходно е душата да се наведе на чиста морална побуда; со тоа човекот учи да го почувствува сопственото достоинство.
Имануел Кант

Моралноста не е доктрина која ни појаснува како да бидеме среќни, туку како сами да вредиме да бидеме среќни.
Имануел Кант

Според законот човекот е виновен доколку ги наруши правата на други луѓе. Според етиката, тој е виновен доколку само помисли тоа да го направи.
Имануел Кант

Нашиот досегашен морал се јавува како чудна појава: бог е отфрлен, ѓаволот не.
Фридрих Вилхелм Ниче

Моралниот презир е далеку најголема навреда и омаловажување од кој било вид злосторство.
Фридрих Вилхелм Ниче

Во моралните прашања човек постојано повлекува крајно чудна разлика меѓу човекот и неговиот творец. Тој од своите ближни бара почитување на мошне достоен морален кодекс, но целосниот недостиг на морал на неговиот бог не го предизвикува ни срам ни неодобрување.
Фридрих Вилхелм Ниче

Извршувај го своето дело на тој начин како да ти е последно во животот.
Марко Аврелиј

Задача на животот не е да се биде на страната на мнозинството, туку да се живее во согласност со внатрешниот закон за кој сте свесни.
Марко Аврелиј

Постојат вистини во кои не е доволно никој да се убедува, но кои мора да се почувствуваат; тоа се вистини на моралот.
Шалр Монтескје

Покорувањето на вистината, независно од личните интереси и желби, е сета чесност, сиот морал.
Николај Огарев

Морални дилеми кога е во прашање телешко печено? Воспитувачите ги немаат, правната наука исто така. Ни теологијата која се занимава со прашањата на моралот. Ни илјадници други моралисти. Можеби телето ги има?
Карлханјц Дешнер

Менито-најкрвав лист хартија што го испишуваме.
Карлхајнц Дешнер

Човекот спрема животното е злосторник од навика.
Карлхајнц Дешнер

Доколу духот ги сфаќа сите ствари како нужни, дотолку има поголема моќ над афектите или помалку трпи од нив.
Барух Спиноза

Себељубието е единствен темел на кој може да се темели правилото на корисен морал.
Клод Адриен Хелвециј

Пред сè, потребно е да се постигне однесување во согласност со законот, а дотолку повеќе со моралниот начин на размислување, па дури потоа може да се дојде до морално однесување како такво, во кое нема законски пропис.
Клод Адриен Хелвециј

На луѓето им е потребен човечки морал втемелен на човечката природа, на искуството на разумот.
Клод Адриен Хелвециј

Ајде да бидеме морални. Ајде да размислуваме за постоењето.
Чарлс Дикенс

Работејќи го она што е исправно, не заслужуваме никаква пофалба. Тоа е наша должност.
Аврелиј Августин

Најважен човечки стремеж е стремежот за моралност во нашето делување. Нашата внатрешна рамнотежа, дури и нашата егзистенција зависи од тоа. Единствена моралност во нашето делување може да му дадат убавина и достоинство на нашиот живот.
Алберт Ајнштајн

Во моралноста нема ништо божествено, тоа е тотално човечка ствар.
Алберт Ајнштајн

Силата секогаш ги привлекувала луѓето со низок морал и верувам дека-без исклучок-генијалните тирани ги наследуваат никаквеци.
Алберт Ајнштајн

Маж кој чита морал е обично лицемер, а жена која чита морал е секако грда жена.
Алберт Ајнштајн

Морален е оној што реагира веќе и на искушение што го доживува во самиот себе, не препуштајќи му се.
Сигмунд Фројд

Луѓето се многу поморални отколку што мислат, а далеку понеморални отколку што тоа можат да го замислат.
Сигмунд Фројд

Колку се зградите повисоки, моралот е понизок.
Ноел Кауард

Кога човекот слободно и чесно го бара моралниот пат, прво кон што треба да се сврти е месото. Вегетаријанството е критериум според кој можеме да препознаеме дали човековото стремење според моралната совршеност е искрено и сериозно.
Лав Толстој

Само со јаки, идеални стремежи луѓето можат да паднат морално ниско.
Лав Толстој

Разумното и моралното секогаш се поклопуваат.
Лав Толстој

Напорот е нужен услов за морално усовршување.
Лав Толстој

Морате секако физички да се протресете за да бидете морално здрави.
Лав Толстој

Дружењето  спаѓа во најопасни, можеби дури и убиствени наклонетости, бидејќи нè доведува во допир со луѓе од кои повеќето се морално лоши, а интелектуално тапи или изопачени.
Артур Шопенхауер

Да се проповеда морал е лесно, да се оправда е тешко.
Артур Шопенхауер

Прашањето на реалноста на моралот се сведува на тоа дали постои навистина оправдано начело спротивставено на начелото на себичноста? Бидејќи себичноста бара добробит само за поединецот, спротивен принцип би морал да го прошири ова барање на сите.
Артур Шопенхауер

Намерата на моралот е да ве научи не да патите и умрете, туку да уживате и живеете.
Ајн Ранд

Силата и разумот се спротивности; моралот престанува кај што силата почнува.
Ајн Ранд

Постојат два типа луѓе на овој свет-добри и лоши. Добрите подобро спијат, но се чини дека лошите повеќе уживаат во часови кога се будни.
Вуди Ален

Големината и моралниот напредок на народот може да се мери според тоа како постапуваат со животните. Единствен начин да живееш е да пуштиш и други да живеат.
Махатма Ганди

Животот е поширок од секој пропис. Моралот е замисла, а животот е она што бидува. Како да го вклопиме во замисла, а да не го оштетиме? Повеќе штета му е нанесено на животот поради спречување на грев одошто поради грев. Тогаш да живееме во грев? Не. Но ни забраните не помагаат ништо. Создаваат лицемерие и духовни инвалиди.
Меша Селимовиќ

Треба да се увиди дека моралните вредности и делувањето е она што душата ја прави убава, па е потребно да се развиваат добродетелства.
Платон

Подобро е да се измамиш во своите пријатели, одошто ти нив да ги мамиш.
Јохан Волфганг Гете

Силно гази моралот. Слабиот морал милува. Оној кого моралот го прогонува секогаш стои меѓу јакиот и слабиот.
Алексис де Торквил

Страшно не е тоа што големите луѓе се неморални, туку што неморалот води до големината.
Себастијан Брант

Да, ни во богатството ни во моќта
Нема среќа без морал.
Пјер Буаст

Правилата се како знаци кои покажуваат пат во полето на животот и покажуваат замки.
Пјер Буаст

Постојат два морала: едниот е пасивен, кој забранување чинење зло, а другиот е активен кој наредува да се чини добро.
Георг Фридрих Хегел

Десницата му остава на менталитетот целосна слобода. Од друга страна, моралот се однесува на рамката на умот и бара некое дејствие да се направи од почитување на должноста. Последично, начинот на дејствување кој му одговара на законот е морален ако е одреден со почитување на законот.
Георг Фридрих Хегел

За мојата постапка да има морална вредност, моето уверување мора да биде поврзана со него. Неморално е да се направи нешто од страв од казна или за да се стекнам со добро мислење за себеси од други.
Георг Фридрих Хегел

Најмногу во моралот е да се обезбеди вината и патењето на ова срце да бидат закопани во себе и срцето да стане гроб на срцето.
Георг Фридрих Хегел

Лице кое не е запознато со вештината на јавање нема да се обврзе да дава совети за тоа како да се јава коњ. Но, во моралот сме помалку скромни. Овде секогаш сметаме дека сме упатени и способни да им дадеме совет на сите луѓе.
Имануел Кант

Две нешта секогаш ја исполнуваат душата со ново и посилно чудење и стравопочитување, што почесто и подолго размислуваме за нив-ова е ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.
Имануел Кант

Моралот не учи како да се стане среќен, туку како да се стане достоен за среќа.
Имануел Кант

Етиката е филозофија на добра волја, а не само на добра акција.
Имануел Кант

Постапувајте во согласност со таква максима која во исто време самата може да стане универзален закон.
Имануел Кант

Моралот се заснова на автономија на човечкиот дух.
Марк Твен

Чувството на морал ни помага да ја сфатиме суштината на моралот и како да го избегнеме.
Марк Твен

Со помош на моралното чувство човекот разликува добро од лошо, а потоа одлучува како ќе постапи. Какви се резултатите од изборот? Девет од десет пати одлучува да направи лоши работи.
Марк Твен

Моралот е важност на човекот пред природата.
Михаил Пришвин

Морализацијата е дело на просечни луѓе.
Оскар Фингал Вајлд

Моралот отсекогаш бил последно прибежиште на луѓе кои се рамнодушни спрема уметноста.
Оскар Фингал Вајлд

За неговата генерација и за историскиот процес од поголема важност се моралните квалитети на исклучителен човек одошто чисто интелектуалните достигнувања. Овие другите самите зависат од големината на духот, големина која обично останува непозната.
Дејвид Хјум

Што е моралот? Каков би требало да биде моралот? Во цврсто, длабоко уверување, во огнена, непоколеблива вера во достоинството на човекот, во неговата висока намера. Ова уверување, оваа вера е извор на сите човечки добродетелства, на сите постапки.
Висарион Григориевич Белински

Добар во политиката не може да биде лош во моралот.
Џереми Бентам

Полесно е да се разипе одошто да се поправи.
Лук д Клапиер Вовенарж

Мислите доаѓаат од срцето.
Лук д Клапиер Вовенарж

Постојат луѓе кои спрема моралот се како некои архитекти спрема куќите: удобноста на прво место.
Лук д Клапиер Вовенарж

Моралот е ум на срцето.
Хајнрих Хајне

Моралот е религија која минала во обичаи.
Хајнрих Хајне

Етиката е естетика на душата.
Пјер Реверди

Етиката е или активна, креативна или пасивна, покајничка, етика на нетрпеливост спрема себеси и други, која може да навлегува само во тн. гревови; и понекогаш е срамота да се биде во право.
Карол Ижиковски

Човекот мора да  биде морален слободно, што значи дека мора да му се даде и одредедна слобода да биде неморален.
Владимир Соловјев

Повисокиот морал бара и одредена слобода за неморал.
Владимир Соловјев

Никој не може да биде целосно слободен додека сите не се слободни. Никој не може да биде совршено морален додека сите и натаму не се морални. Никој не може да биде совршено среќен додека сите и натаму не се среќни.
Херберт Спенсер

Моралот не е листа на дејствија и не е збир на правила кои можат да се користат како фармацевтски или кулинарски рецепти.
Џон Девеј

Вистинската етика почнува таму кај што престанува употребата на зборови.
Алберт Швајцер

Дури и смртта може да биде согласување и затоа морален чин. Животното умира, човек мора да му ја предаде својата душа на Создавачот.
Анри Фредерик Амиел

Христијанскиот морал е скроен за растеж. За жал, луѓето престанаа да растат.
Феликс Хвалибуг

Не заборавајте дека молитвата Оче наш почнува со просење за леб секојдневен . Тешко е да се слави Господ и да се љуби ближниот на празен стомак.
Вудроу Вилсон

Моралот на народот зависи од почитувањето на жените.
Вилхелм фон Хумболт

Моралот мора да биде горчлив плод ако им го даваме на жените и сестрите.
Александар Свентоховски

Добродетелта не самата на себеси награда.
Овидиј

Најдобра казна за добродетелта е самата добродетел.
Енајрин Беван

За да бидете патриот морате да ги мразите сите нации освен својата; за да бидете религиозен човек-сите секти освен својата; за да бидете морален човек-сета лага освен својата.
Лајонел Страчеј

Неморалот е морал на оние кои подобро се забавуваат од нас.
Хенри Луис Менкен

Моралот станува појак кога телото ќе снеможи.
Молиер

Луѓето со повисок морал не се сметаат себеси за морални, затоа имаат повисок морал.
Лао-Це

Во душата чувам убави морални особини кои не прават голема бучава и парада.
Лао-Це

Сите публикации, па дури и книгите за моралот, за тоа како да се однесуваме во општеството, не донесуваат никаква корист. Не им требаат на оние што ги читаат. Односно образованите не ги читаат моралните грдотии.
Владимир Зубков

Моралните луѓе се најчувствителни луѓе.
Лев Шестов

Сопствената морална нечистотија е знак на презир спрема себеси.
Апулеј

Таму кај што моралот е втемелен на теологијата, а законот на божествените декрети, најнеморалните, најнеправедните и насјрамните нешта можат да се оправдаат и поткрепат.
Лудвиг Фоербах

Основата на животот е основа на моралот. Кај што од глад, од сиромаштија, немаш никаков материјал во своето тело, нема основа и материјал за морал во твојата глава, во твоето срце и во твоите чувства.
Лудвиг Фоербах

Начело на моралот е среќа, но не среќа која е концентрирана на еден ист човек, туку среќа распоредена меѓу различни луѓе.
Лудвиг Фоербах

Моралот е само хигиена на умот и срцето.
Ромен Ролан

Кај што моралниот карактер не е голем, нема голем човек.
Ромен Ролан

Луѓето мислат дека патот на универзалната култура е пат на моралот; но никакво филозофирање нема да вроди со плод додека не се примени физичко знаење и не се прошири сè она што се однесува на практичниот живот.
Аугуст Ајнсидел

Причината зошто моралот на сите теории толку се разликува од човечкото однесување е таа што во моралот сите луѓе се третираат како еднакви, додека во практика не се.
Аугуст Ајнсидел

Моралот подобро се изразува во кратки изреки одошто во долги говори и проповеди.
Карл Имерман

Моралот нема никаква врска со религијата…религијата не само што не служи како основа на моралот, туку му е непријателска. Вистинскиот морал мора да се темели на приодата на човекот.
Верскиот морал секогаш ќе се темели само на химерите и на самоволието на оние луѓе кои Бога го обдаруваат со јазик кој е често во основата противречен и на природата и на човечкиот разум.
Пол Холбах

Христијанскиот морал како да е намерно измислен за да се окова човечката природа и да се пороби со имагинарни духови. Поради тоа на повеќето луѓе не делувал.
Пол Холбах

Моралот би бил празна наука кога не би можела да му покаже на човекот дека негов најголем интерес е во тоа да биде крепосен.
Пол Холбах

За да ги сфатат вистинските темели на моралот, на луѓето не им требаат ни теологијата, ни објавите, ни боговите; затоа е доволен едноставен здрав разум.
Пол Холбах

Желбата за среќа на човекот му е вродена, па таа би требало да биде основа на секој морал.
Фридрих Енгелс

Всушност, секое одделение, па дури и секоја професија има свој морал кој исто така го кршат секогаш кога можат неказнето.
Фридрих Енгелс

Нема сомнение дека…во моралот…главно се постигнува напредок.
Фридрих Енгелс

Секоја теорија на моралот досега, на крајот на краиштата, била производ на дадена економска состојба на општеството.
Фридрих Енгелс

Ние…отфрламе секој обид да ни се наметне каква било морална догма како вечен, конечен, отсега непроменлив морален закон, со оправдување дека и светот на моралот има свои тајни начела што стојат над историјата и националните разлики.
Фридрих Енгелс

Моралната сила, како и мислата, е неограничена.
Оноре де Балзак

Морал-за повеќето тоа е систем за обезбедување на сопствена правилност.
Роберт Мусил

Моралот не би требало да биде цел, туку последица на уметничкото дело.
Бенџамин Констант

Моралност!!! Какви тажни мисли предизвикува овој збор! Моралност!!!  На тој збор на детето му се чини дека гледа учители вооружени со стапови, младата жена замислува љубоморни луѓе кои се закануваат со зовриени котли на пеколот…чесниот човек се присетува на бројни интриганти и злосторници на кои моралот воопшто им служел како маска на патот.
Шарл Фурие

Ќе се обидам да го оживеам моралот со духовитост, а духовитоста со моралност.
Џозеф Адисон

Од потреба правиме добродетелство-така настанува моралот.
Вернер Мич

Најголемо недоразбирање е да се оди во морал кога се во прашање историски факти.
Дени Дидро

Интересно, денес политичарите порадо говорат за моралот, а бискупите за политиката.
Џонатан Лин

Моралот е генетика: злото е доминантно, доброто е рецесивно.
Жан Ростан

Моралот е она што останува од стравот кога ќе се заборави.
Жан Ростан

Не постои друг морал освен морал на човечкото срце, како што нема друго знаење или друга мудрост освен знаењето за своите потреби и правилните идеи за патиштата до среќата.
Етјен Сенанкур

Она што е добро во политиката, не може да биде лошо во моралот.
Џереми Бентам

Не постои друг морал освен оној што се темели на начелата на разумот и кој произлегува од природната наклонетост на човекот кон добрината.
Пјер Бајл

Моралот дава општи начела на однесување, занемарувајќи ги специфичните околности.
Пјер Бајл

Моралноста е граматика на религијата. Полесно е да се направи правилно одошто да се направи добро.
Карл Брн

Има луѓе кои секогаш имаат морал…материја од која на себеси никогаш не си сошиваат облеки.
Жозеф Жубер

Моралот заслужува друг вид јаснотија. Овде не е збор за контемплација, која го храни умот, туку за импулси кои ја насочуваат волјата. Повеќе ѝ требаат топлина и жар одошто светлина.
Жозеф Жубер

Моралот е наклонетост кон исфрлање на када со дете.
Карл Краус

Моралот вели „Не гледај ваму!“ и им одговара на обете страни.
Карл Краус

Пониските не се издигнуваат до моралот, пониските не му се спуштаат.
Џорџ Бернард Шо

Политиката е јавен морал, моралот е приватна политика.
Гебриел-Боно Мабли

За човек нема блаженство во неморал; единствено во моралот и добродетелта се постигнува највисоко блаженство.
Александар Херцен

Конечна цел на моралот би требало да биде пружање најголема прилика за остварување на идеал.
Жанет Гијо

Кој прави срамотни нешта, пред сè мора да се срами од самиот себе.
Демокрит

Најдобрите луѓе се познати според највисок морален развој и најголемо морално влијание.
Фјодор Михајлович Достоевски

Моралното не е доволно да се дефинира со верност на своите убедувања. Исто така мораме постојано да поставуваме прашање во себе: дали моите убедувања се вистинити?
Фјодор Михајлович Достоевски

Морално е само она што се поклопува со вашето чувство за убавина и со идеалот во кој ја отелотворувате.
Фјодор Михајлович Достоевски

Мисла без морал е непромисленост; морал без мисли е фанатизам.
Василиј Осипович Клучевски

Под називот морал не подразбираме само надворешна правилност, туку севкупна внатрешна основа на мотив.
Јан Амос Коменски

Моралната цврстина во успехот е дури поважна одошто во неволја.
Франсоа Ла Рошфуко

Корупцијата на моралот е погубна за републиките и корисна за апсолутните монархии и деспотската власт.
Џакомо Леопарди

Основно начело на секој морал е: прави го за својот ближен она што сакаш тој да го прави за тебе. Концептот на универзална човечка солидарност е највисок концепт на културата и моралот.
Вилхелм Либкнехт

Моралот на буржоаскиот свет е морал на алчност прилагодена на алчност.
Антон Семенович Макаренко

Моралот е несомнено најважна работа во животот; таа е можеби самата волја за живот.
Томас Ман

Без здрав разум, сите морални правила се несигурни.
Николај Иванович Пирогов

Душевниот мир се купува со цена на моралното достоинство.
Димитриј Иванович Писарев

Не човек за морал, туку морал за човекот.
Георги Валентинович Плеханов

Моралот издвоен од животот е еднакво неморален како и животот кој изгубил секоја морална содржина.
Георги Валентинович Плеханов

Нависок морал е жртвување на сопствената способност во корист на колективот.
Михаил Михајлович Пришвин

Моралноста е размер на силата на разумот и моќта на чувствувањето. Колку чувството е појако и колку му е умот поблизу, толку е човекот поголем во својата човечка работа.
Михаил Михајлович Пришвин

Главен услов на моралот е желбата да се стане морален.
Луциј Анеј Сенека

Кругот на моралните должности е многу пошриок од оној што го пропишуваат законите.
Луциј Анеј Сенека

Добриот морал е поважен од добрите зазкони.
Тацит

Највисока цел на човечките стремежи е високо морален карактер.
Ернест Телман

Најважен капитал на нацијата се моралните квалитети на луѓето.
Николај Гаврилович Чернишевски

Колку е човек повисоко во менталниот и моралниот развој, колку е послободен, животот му пружа повеќе задоволство.
Антон Павлович Чехов

Уживај и уживај без штета на себеси или на други, тоа е суштина на моралот.
Николас Шамфор

Најкобна грешка која е кога било направена во светот е издвојување на политичката наука од науката за моралот.
Перси Бис Шели

Правата линија во моралот, како и во математиката, е најкраток пат.
Марија Еџворт

На крајот на краиштата, темел на сите човечки вредности е моралот.
Алберт Ајнштајн

Не може да се живее угодно, а да не се живее разумно, морално и праведно, и обратно-не може да се живее разумно, морално и праведно, а да не се живее угодно.
Епикур

Секогаш ја преувеличуваме важноста на животот на поединецот. Има многу луѓе кои не знаат што би правеле со животот-не е така неморално да го лишат.
Албер Ками

Вистинскиот морал е директно поетски, а поезијата е, пак, индиректно морална.
Жан Пол

Моралот е процут на вистините.
Виктор Иго

Трпението е прекрасен квалитет, но животот е прекраток за да се издржи долго.
Абу ал-Фарај бин Харун