125. Молк-Молчење

Човек најмногу зборува кога молчи и затоа молчаливиот човек најмногу го слушаат. Затоа што во исто време додека зборува, тој се открива себеси, го открива своето внатрешно Јас, му дозволува да го каже она што тој не се осмелува пред други.

Кога е збор за самоодбрана, молчењето нема врска со мудроста, незнаењето, немањето одговор, а ни со неможноста од искажување оти недостасуваат зборови. Молчењето секогаш има врска со миговите живот во самотија, самосознавање и самодокажување. Да молчиш, најпрвин значи да гледаш, слушаш, откриваш, проверуваш и учиш во своја тишина.

Зборувај кога молкот се обидува да го порази твојот опстанок во живиот свет.   

Македонски народни пословици и изреки

Молк замолк до три години.

Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница.

Молчи кабаетлијата како ќос на јајца.

Молчи, не збори лошо да не си поткасаш јазикот.

Молчи, чепче, под казанче.
На мало дете кавгаџија.

Пословици и изреки од народи на светот

Научи се да молчиш за да можеш добро да зборуваш. (Германска)

Во вистински момент да се зборува е сребро, а да се молчи е злато. (Германска)

Учи го своето дете да го држи јазикот за заби, а да зборува брзо ќе научи и само. (Англиска)

Понекогаш молчењето е поречито од зборовите. (Англиска)

Молчи за она што имаш намера да го работиш, па нема никој да те спречи. (Данска)

Понекогаш да се молчи е знак на мудрост; постојано да се молчи е знак на глупост. (Данска)

Може да се каже она што сме го премолчиле, но не може да се премолчи она што сме го рекле. (Италијанска)

Молчењето е украс на умниот, а маска на глупавиот. (Арапска)

Човекот е сè уште господар на оние зборови што не ги изрекол, но е роб на оние што му се оттргнале. (Арапска)

Научи да молчиш за да знаеш да зборуваш. (Еврејска)

Во затворена уста не влетува мушичка. (Шпанска)

Подарокот треба да му ја затвори устата на оној што го дава, а да му ја отвори на оној што го прима. (Француска)

Грлото е затоа тесно за од него зборовите да не излегуваат така брзо. (Арменска)

Од молчење глава не боли. (Хрватска)

Пред да кажеш што било, размисли за прикладноста на своите зборови. Ако молчењето не се подобри по она што е речено, подобро е да се воздржиш од нив. (Кинеска)

Не зборувај освен ако тоа не ја подобри тишината. (Кинеска)

Кучињата скитници најгласно лаат, тишината и издржливоста се знак на раса. (Кинеска)

Латински изреки

Кој не знае да молчи, не знае ни да зборува.

Кој молчи, се чини како да одобрува.

Мудар е кој знае паметно да молчи.

Слушај, гледај и молчи ако сакаш да живееш во мир.

Научи да слушаш ако не знаеш да зборуваш.

Домисла, гесло, мисла водилка

Сиот свој век го минав меѓу мудреци и не сум нашол кај човек ништо подобро од молчење.
Талмуд

Ако молчењето им прилега на паметните, дотолку повеќе им прилега на глупавите.
Талмуд

Подобри сте во молчење одошто во говор.
Талмуд

Со паметен е корисно и да се молчи.
Јогини

Дојде, виде, тогаш молчи.
Литературнаја газета

Потребно е многу дух за да се беседи убаво и многу разум за да се молчи.
Анонимус

Кога немате што да кажете, не кажувајте ништо.
Анонимус

Кој не го разбира вашето молчење, тешко дека ќе ги разбере вашите зборови.
Анонимус

Рекле, издумале        

Пред да го слушнеш гласот на вселенската вистина, најнапред мораш да го глушнеш гласот на молчењето.
Свами Рама

Природата ни дала по две очи и по две уши, а само еден јазик, за да можеме повеќе да гледаме и слушаме, а помалку да зборуваме. Зашто никогаш не може да се кажат толку мудрости, колку што може да се премолчат глупости.
Конфучиј

Кога се чувствувате лошо, послушајте ја природата. Тишината на светот смирува подобро од милион непотребни зборови.
Конфучиј

Почесто употреби ги ушите одошто јазикот.
Луциј Анеј Сенека

Она што сакаш да го премолчат други, прво премолчи го сам.
Луциј Анеј Сенека

Ако за нешто сакаш да молчиш, молчи прв.
Луциј Анеј Сенека

Голема работа е да се знае правото време на говор и молчење.
Луциј Анеј Сенека

Многу неволи во животот нè учат да молчиме.
Луциј Анеј Сенека

Кој не умее да молчи, нема да умее ни да говори.
Децим Магнус Авсониј

На ниеден човек не му годи молчењето. Мене најмногу ми причинува задоволство кога зборуваат, но кратко.
Децим Магнус Авсониј

Многумина луѓе се сметаат дека се мудри само затоа што молчат.
Вилијам Шекспир

Најмал знак на бездушност-молчењето. Грми само она што е однатре празно.
Вилијам Шекспир

Кај што има малку зборови, тие имаат тежина.
Вилијам Шекспир

Бидете во состојба да разберете што е речено без звук. Да се слуша со свои очи-тоа е наука на љубовта.
Вилијам Шекспир

Подобро е да се молчи и да се биде сметан за глупак, одошто да се проговори и да се отстрани секој сомнеж.
Абрахам Линколн

Сè додека човекот молчи, може да биде сметан за паметен.
Фридрих Рикерт

За глупавиот човек е најдобро да молчи. Но кога тој би го знаел тоа, не би бил глупав.
Ширази Саади

Оној што поседува знаење и мудрост, зборува само тогаш кога сите околу него молчат.
Ширази Саади

Јазикот во човечката уста е клуч од ризница кога е вратата затворена.
Ширази Саади

Кој сее зло, жнее покајување. Кој молчи во бучни расправи, помудар е од говорникот.
Ширази Саади

Молчењето е најдобрата одлука на оној што не е сигурен во себе.
Франсоа Ла Рошфуко

Молчењето е најдобар лек против несреќа; тоа е наједноставен човеков отпор и одмазда на судбината.
Јован Дучиќ

Молчењето е најсовршен израз на презирот.
Џорџ Бернард Шо

Научил да зборува-значи пораснал. Научил да молчи-така е помудар.
Џорџ Бернард Шо

И молчењето на мудрецот значи некаков одговор.
Еврипид

Зборувајте ако имате зборови посилни од тишината или молчете.
Еврипид

Молчењето е често најдобар одговор.
Лав Толстој

Зборувај само за она што ти е јасно, инаку молчи.
Лав Толстој

Луѓето учат како да зборуваат, а главна наука е како и кога да се молчи.
Лав Толстој

Правата сила на човекот не е во поривите, туку во неуништливата смиреност.
Лав Толстој

Кој молчи, нека не го сотираат грижи-мислата останува под јазикот.
Јохан Волфганг Гете

Да знаете колку ретко нè сфаќаат на прав начин, почесто би молчеле.
Јохан Волфганг Гете

Во молчењето е сигурноста.
Иво Андриќ

Молчењето им е тешко само на оние што не мислат.
Иво Андриќ

Да е молчењето сила, а говорењето слабост, се гледа според тоа што старците и децата сакаат да зборуваат.
Иво Андриќ

Ретки се оние зборови што вредат повеќе од молчењето.
Анри де Монтерлан

Молчењето е одмор за душата.
Френсис Бекон

Молчењето е добродетел на глупавите.
Френсис Бекон

Молчењето е сон што се храни со мудрост.
Френсис Бекон

Кој знае да молчи, слуша многу признанија; зашто кој ќе му се открие на говорник и озборувач.
Френсис Бекон

Молчењето е подобро од каков било говор.
Плутарх

Од луѓето учиме да зборуваме, од боговите да молчиме.
Плутарх

Паметната жена додека лутиот маж вреска и ја кара молчи, а дури кога тој ќе престане да зборува започнува со него разговор за да го омекне и смири.
Плутарх

Ако сакате луѓето за вас да мислат добро, тогаш немојте да зборувате.
Блез Паскал

Луѓето најпрвин учат да зборуваат, а потоа да молчат.
Жарко Петан

Молчи или кажи нешто подобро од молчење.
Питагора

Оној што владее со својот јазик повеќе вреди од оној што ќе освои град.
Соломон

И будалиот кога молчи може да изгледа мудар.
Соломон

Од вештината на говорењето поголема е вештината на молчењето.
Епихармус

Најдобра употреба на зборот е целосно молчење.
Питакус од Митилен

Голема сила има оној што може да премолчи и кога е во право.
Марко Портиј Катон

Молчењето е добродетел која нè прави пријатни на нам сличните.
Семјуел Батлер

Никој не е толку паметен како глупакот кога не отвора уста.
Франсоа Моријак

Животното го надвишуваме со говор, а себеси со молчење.
Жан Папир Масон

Мошне молчаливи луѓе се оние кои високо се ценат себеси.
Вилијам Хазлит

Молчењето е посебна уметност на разговорот.
Вилијам Хазлит

Никогаш да не се зборува за себеси е рафиниран облик на хипокризија.
Фридрих Вилхелм Ниче

Мојата најмила пакост и вештина се во тоа што молчењето свое го научив со своето молчење да не ме предаде.
Фридрих Вилхелм Ниче

Понекогаш е потребно да се премолчи и она што не е никаков грев.
Ги де Мопасан

Човек оди во бучна толпа за да ја задуши бурата на своето сопствено молчење.
Рабиндранат Тагоре

Најдобра употреба на зборот е молчењето.
Рабиндранат Тагоре

Прав на мртвите зборови се залепил за тебе; со молчење измиј ја душата.
Рабиндранат Тагоре

На оние што молчат е невозможно да им се одземе збор.
Станислав Јержи Лец

Велат дека молчењето живее во задоволство, но јас ви велам дека бунтот, отпорот и презирот живеат во молчењето.
Калил Џибран

Не сум со луѓе кои мислат дека дрскоста е храброст, а нежноста кукавичлак, а не сум и со оние што мислат дека дрдорењето е мудрост, а молчењето незнаење.
Калил Џибран

Малку беше, но сепак кога ќе погледнеш доста е сè она што и сме рекле и сме премолчиле.
Мирослав Мика Антиќ

Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење.
Мирослав Мика Антиќ

-Блазе му на оној што умее да молчи,-рече кучето кога доби ќотек.
Стеван Сремац

Илјада пати се покајуваш за она што го кажуваш, ретко за она што го премолчуваш, ја знаев таа мудрост кога не ми беше потребна.
Меша Селимовиќ

Најлошо е кога луѓето молчат, кога не се објаснуваат, па секое сомневање има право на живот. И моето и твоето…
Меша Селимовиќ

За да го одржиме својот збор, најдобро е никогаш да не го даваме.
Наполеон I Бонапарта

Молчењето ќе ме спаси од тоа да згрешам, но и ќе ме лиши од можноста да бидам во право.
Игор Стравински

Вистинскиот збор може да биде ефектен, но никогаш не бил толку ефектен како молчењето во вистински момент.
Марк Твен

Како што се еднакво тивки мочуриштето и океанот, така има и луѓе кои молчат затоа што немаат што да кажат, како што ги има кои молчат затоа што имаат многу да кажат.
Божидар Кнежевиќ

Да се биде паметен, значи да се разликуваат вистините што треба да се кажат од оние што треба да се премолчат.
Антоан де Риварол

Никој не е сосема образован пред да научи да молчи.
Арне Гарборг

Во секој случај е подобро разборитост да се покаже со она што се премолчува, одошто со она што се кажува.
Артур Шопенхауер

Вистинско пријателство настанува тогаш кога молчењето меѓу двајца луѓе станува пријатно.
Дин Реј Кунц

Права мака е кога човек нема доволно дух за да говори, а ни доволно памет за да молчи.
Жан д Ла Бриер

Најсуровите лаги најчесто се изречени со молчење.
Роберт Луис Стивенсон

Она за што не може да се зборува, за тоа треба да се молчи.
Лудвиг Витгенштајн

Сè може да се прави со јазикот-дури и да се молчи.
Касимзумрат Токаев

Најмногу имаат што да кажат оние што најмногу молчат.
Александар Солженицин

На клевети најдобро се одговара со молчење.
Семјуел Џонсон

Молчењето е најдобро надоместување за памет.
Хенри Ф. Аскурст

Молчењето е голем талент.
Фјодор Достоевски

Молчењето е олтар на претпазливоста.
Балтазар и Моралес Грацијан

Две години човек учи да зборува, а потоа до крајот на животот учи да молчи.
Аристотел

Ако ви одговориле со молчење, тоа не значи дека не ви одговориле.
Сократ

Молчењето е злато за кое се купува туѓо молчење.
Лех Конопински

Молчењето е толку интересна тема што за неа би можело да се зборува со часови.
Жил Ромен

Молчењето на мажот е знак на одбивање, молчењето на жената знак на согласност.
Луј Масињон

Молчењето може да биде најтешко обвинение.
Менандер

Молчењето е злато, но понекогаш е сребро.
Збигњев Земетски

Молчењето е еден од аргументите кои е најтешко да се побијат.
Хенри Вилер Шо (Џош Билигнс)

Способноста на говорот ги разликува луѓето од животинскиот свет; способноста на молчењето го издвојува човекот од светот на луѓето.
Григориј Ландау

Слушај и молчи.
Луцијан Марија Шкерјанц

Не сакам соговорници кои тука и таму со своето молчење ги прекинуваат моите размислувања.
Лешек Кумор

Молкот е сјај на будалите и лукавост на мудрите.
Александер Поуп

Знае толку занимливо да молчи што сите чекаат конечно да прозбори.
Лав Троцки

Морате да знаете да молчите за сè што ви е само вам важно.
Филип Честерфилд

Тишината е ретко молчење.
Хауард В. Њутон

Понекогаш молкот е поизразит од кој било говор.
Монтескје

Молкот ретко не е во право. Само ако прозбори.
Владислав Гешчик

Кој нема што да каже за своето, подобро му е да молчи.
Висарион Белински

Кога молчи и будалата го сметаат за паметен.
Публилиј Сириј

Подобро е мудро да се молчи одошто да се зборува глупаво.
Публилиј Сириј

Навистина е славен и велик оној што во лутина го задржал јазикот за заби.
Расул Гамзатов

Колку е тешко да се молчи кога никој не те прашува.
Михаил Генин

Молчете додека не успеете да кажете нешто што ќе биде покорисно од вашето молчење.
Архимед

Нивниот молк е гласен крик.
Цицерон

Прво трипати размисли, па потоа молчи.
Анри Рениер

Молкот држи говори заедно, а правовременоста држи молк заедно.
Солон

Молкот на човек познат по својата елоквентност предизвикува многу повеќе почит одошто дрдорење на обичен говорник.
Николас Шамфор

Молчењето на жената уште треба да се заслужи.
Тамара Клејман

Молкот е поречит од збор.
Томас Карлајл

Ако си неодгледан и молчалив, тогаш си образован; ако си образован и молчалив, тогаш си добро одгледуван.
Теофраст

Жената ја краси молк.
Хомер

Кој многу зборува, често пропаѓа.
Лао Це

Знам доволно да молчам.
Томас Фулер

Жените сакаат молчаливи мажи. Мислат дека слушаат.
Саша Гитри

Кога орлите молчат, папагалите дрдорат.
Винстон Черчил

Молкот е понекогаш позначаен и повозвишен од најблагородната и најизразитата речитост, а во многу случаи сведочи за висока интелигенција.
Џозеф Адисон

Молкот е знак на согласување на оние што не се согласуваат.
Генадиј Малкин

Молкот е продолжение на спорот со други средства.
Ернесто Че Гевара

Многу е подобро да се молчи одошто да се зборува празно.
Носир Кисроу

Во комуникацијата е најважно да се слушне она што не е речено.
Питер Дракер

Мудрецот ја држи устата затворена, знае дека и свеќата гори од јазикот.
Чуанг Це

Научи да гледаш кога е сè мрачно и да слушаш кога е сè тивко. Во мрак ќе гледаш светлина, во тишина ќе слушнеш хамонија.
Чуанг Це

Човекот го прави почовечно она што ќе го премолчи одошто она што ќе го каже.
Албер Ками

Своите најдобри чувства, плашејќи се од исмевање, ги закопав во длабината на срцето; таму умреа.
Михаил Лермонтов

Запомнете, молкот е понекогаш најдобар одговор на прашања.
Далај Лама XIV

Бидете почесто во тишина за да се слушнете себеси…Колку си потивок, толку повеќе слушаш.
Рам Дас

Во животот сум слушнал сешто-заклетви, ветувања, комплименти, но најдобро што сум слушнал беше молкот. Во него нема лага. Понекогаш е подобро да се остави сè како што е, да се оди во безлилчна самотија, меѓу пусти улици кај што очите ти гледаат…Да му се завидува на слободниот ветар, на осамените ѕвезди, на мудрото сонце и тивката месечина.
Пауло Коелјо

Лошо ми е со луѓе зашто не ми даваат да ја слушам својата душа или само да молчам.
Марина Цветаева

Со мојот поглед на животот, првата работа е избегнување на интеракција со луѓето. Колку помалку ги гледам, толку подобро се чувствувам.
Чарлс Буковски

На крајот и сами ќе се увериме дека за нас е најдобро да молчиме.
Рамана Махарши

Најдлабоките реки течат со најмалку бучава.
Марко Курциј

Кој не го разбира вашиот молк, тешко дека ќе ги разбере вашите зборови. Најтивко и најмирно место кај што човек може да се повлече е неговата душа…Допуштете си таква самотија почесто и црпете од неа нова сила.
Марко Аврелиј

Молкот е Божји јазик, сè останато е лош превод.
Џалалудин Руми

Голема моќ во човек кој знае да молчи, дури и ако е во право.
Оскар Фингал Вајлд

Не му верувај на оној што зборува убаво, секогаш играта е во неговите зборови. Верувај му на оној што молчејќи прави убави работи.
Омар Кајам

Ведите велат дека најстрашен вид оружје, стрели кои длабоко рануваат се зборовите. Бидејќи ни времето не може да помогне, нашето паметење е толку чувствително на вибрации. Сме слушнале, и мошне е тешко да се извлечат обете стрели. Имаат врв како стрела. Лесно е да влезеш, но не можеш да се извлечеш назад. Поради тоа во односите најважна е строгоста или ограничување на строгоста на говорот.
Руслан Нарушевич

Секој груб збор еднаш изговорен, дури и ако успеете да изговорите простување, и натаму ќе предизвикува реакција.
Срила Раданата Свами

Да, сè што е големо на светот живее во тишина. И зборува во тишина.
Иван Илин