122. Сочувствување-Сожалување-Сомилост

Ако може да сочуствуваме, а да не се сожалуваме меѓусебно, тоа би било најдобро. Но бидејќи не може, што би било добро и подобро?

Добро е искрено да сочувствуваме и сожалуваме во болка, тага, трагедија. Не е добро да сожалуваме, а да не се обидуваме да помогнеме како било.

Сомилоста е во секој од нас, а особено ја искажуваме пред самотен и осамен човек. Најдобро да сме со него додека му требаме.

Подобро е да куражиме со убедување дека животот продолжува сè додека го живееме многу повеќе отколку што го живуркаме.

Македонски народни пословици и изреки

Мевлем на рана-збор на жалба.

Пословици и изреки од народи на светот

Штипни се, па ќе знаеш колку е тоа болно за друг. (Јапонска)

Не очекувај благодарност од оној кому си му направил нешто од сомилост. (Арапска)

Раката што дава секогаш е над онаа што прима. (Арапска)

Сожалувањето е деструктивно и заразно. (Финска)

Сожалувањето го добиваме бесплатно, но зависта сепак мора да се заработи. (Финска)

Волк се сожалил на кобила, ги оставил опашот и гривата. (Руска)

Подобро е да се живее во завист одошто во сожалување. (Руска)

Латински изреки

Conscientia bene actae citae multorumque bene factorum recordation iucundissima est. (Мошне е угодна свеста за добро поминат живот и сеќавање на многу добри дела.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Ние не сме само оние што сме сочувствителни. Бог е крајниот пример на сочувствување и милост. Ни го покажа најголемото сочувствување и Он е пример што треба да го следиме.
Библија

Рекле, издумале        

Каква корист оти пријателот плаче заедно со мене? Никаква, само што се чувствувам двојно поголем бедник.
Готхолд Ефрем Лесинг

Врабецот  го жали паунот поради тежината на неговата опашка.
Рабиндранат Тагоре

Кога ќе видам човек кој греши, си велам на себеси дека и самиот сум грешел; кога ќе видам лаком, си велам на себеси дека и самиот тоа некогаш сум бил; и на тој начин чувствувам сродност со секој на овој свет и чувствувам дека не можам да бидам среќен, ако не е среќен и оној најпонижениот.
Махатма Ганди

Сè додека милиони живеат во глад и незнаење, сметам дека секој човек е предавник и виновник, бидеќи се образува на нивна сметка, а не се осврнува на нив.
Махатма Ганди

Ние посреќните мораме да мислиме на оние спрема кои животот не бил великодушен. А тие се во мнозинство.
Ѓузепе Верди

Ако длабоко се сочувствува, нема разлика помеѓу патењето и гледањето како се пати.
Барка Педро де ла Калдерон

Туѓата трагедија секогаш во себе носи нешто неверојатно обично.
Оскар Фингал Вајлд

Книга или песна во која нема сожалување би било подобро да не е напишана.
Оскар Фингал Вајлд

Сочувството се нарекува добродетел само кај декадентите. Совладувањето на сочувството го сметам за отмена добродетел.
Фридрих Вилхелм Ниче

Сочувствувањето го одржува она што е зрело за пропаст, се опира во корист на она што животот го растурил и осудил, со изобилство на секакви промашувања што ги одржува во живот, му дава на самиот живот мрачен и двојбен вид. Тој депресивен и кружен инстинкт ги оневозможува оние инстинкти кои се стремат кон одржување и подигање на вредностите на животот; тој е мултипликатор на бедата и конзерватор на сè бедно.
Фридрих Вилхелм Ниче

Сомилоста е спротивна на кревките чувства кои ја придвижуваат енергијата на животот. Таа делува депресивно. Кога се сожалува, се губи сила.
Фридрих Вилхелм Ниче

Кога во неволја ќе побарате сочувствување од својот сосед, вие му давате дел од своето срце. Ако е тој добродушен, ќе ви биде благодарен; ако е со тврдо срце, ќе ве презре.
Калил Џибран

Поделете ја искрено болката со оние што патат, но учествувајте од срце и  во радост со оние што се радуваат.
Жозеф Мари Девондел

Кога пријатели ќе нè измамат, да бидеме рамнодушни спрема знаците на нивното пријателство, но и натаму да бидеме чувствителни спрема нивната несреќа.
Франсоа Ла Рошфуко

Многу повеќе ги сакаме оние што треба да се сожалуваат, одошто оние што треба да се ценат.
Душан Радовиќ

Да се сочувствува со секого без разлика, е мошне истоштувачко.
Роналд Фирбанк

Секој е способен како за длабоко сочуствување, исто така и за безгранична чувствителност. Тајната е во тоа во себе да се најде сила првото да се одгледува и поддржува, а другото да се елиминира.
Норман Кузен

Сочувствување не е кога сноб оди во сиромашен кварт на градот. Секој може да ја смири својата совест со повремено плетење за хендикепирани. Дали кога било навистина сте ѕирнале во скршеното срце на пријателот, сте го почувствувале молењето на душата на тоа складиште на емоционалната агонија; толку што тоа станало ваше речиси колку и на вашиот неутешен ближен; а тогаш сте седнале со него нечујно да липате? Ова е почетокот на сочувствувањето.
Џес Муди

Најтешко му е на човек кога самиот над себеси ќе почувствува сомилост.
Иво Андриќ

Раката на сомилосен сосед секогаш ни ја одзема честа.
Антонио Мачадо

Сомилоста во љубовта е блага форма на презир.
Станислав Јержи Лец

Великодушноста е само сомилост на благородни души.
Николас Шамфор

Да се гледа како еден човек му суди на друг-за мене е тоа како смешна глетка дека бик можел да пукне од смеа кога не би чувствувал сожалување.
Гистав Флобер

Сожалувањето, секогаш вардете се од тоа.
Гистав Флобер

Повеќето од нашите несреќи се поподносливи од коментарите на нашите пријатели за нив.
Чарлс Кејлеб Колтон

Великодушното срце може да се засака од сомилост.
Фјодор Михајлович Достоевски

Сожалувањето е сочувствување за туѓа несреќа, а ликувањето е радост поради таквите, а ни оваа симпатија и таа радост не се предизвикани со непријателство. Жалиме дури и за странци и луѓе кои спрема нас се сосема рамнодушни; ако нашето ликување спрема друго лице е предизвикано со повреда или огорченост, тогаш тоа е одмаздољубивост.
Дејвид Хјум

Сожалувањето е чувство кое го врзува умот во присутност на она што е сериозно и константно во човечкото патење и на тој начин се соединува со лицето кое пати.
Џејмс Џојс

Самосожалувањето е само донекаде прикриен презир спрема себеси, и затоа ќе им го оставиме на оние што се навистина вредни за презир.
Тенеси Вилијамс

Оној што се жали секогаш, никогаш не е сожален.
Томас Фулер

Самосожалувањето ве прави бесчувствителни спрема другите.
Мејсон Кули

Не сакаме да нè сожалуваат поради нашите грешки.
Лук д Клапиер Вовенарж

Никогаш не треба да се жали човек обземен од страсти. Тоа е исто како да сме почнале да го жалиме дека е човек.
Андре Мороа

Само мошне несреќен човек има право да сожалува друг.
Лудвиг Витгенштајн

Смилувај се на мене, вели душата христијанска, зашто сторив грев.
Жак Меритен

Сожалувањето е нешто што недостасува секогаш кога ви е најпотребно.
Роџер Џозеф Зелазни

Сожалувањето над крвниците станува суровост спрема жртвите.
Ромен Ролан

Колку често мораме да жалиме
За тоа што сме постигнале.
Вилијам Шекспир

Поштедете го лошото ако…доброто мора да исчезне со него.
Публилиј

Без сожалување спрема себеси-така треба да се однесуваме спрема своите внатрешни пороци.
Антоан де Риварол

За жените сожалувањето раѓа љубов, за мажите љубовта раѓа сожалување.
Џоан Колинс

Во љубовта сожалувањето е поблиско до презирот одошто до добрината.
Етиен Реј

Убавината е единствениот квалитет на жената кој може да разбуди чувство на сожалување  кај мажот.
Етиен Реј

Сите злосторства и сите пороци своето потекло ѝ го должат на слабоста. И затоа заслужуваат сожалување.
Афред Виктор де Вињи

Сокријте ја својата среќа избегнувајќи ја зависта, но не будете сожалување.
Питак од Митилен

Да жалиш, значи да не жалиш.
Вадим Мозгорој

Саможртвувањето ни дава можност да жртвуваме други без грижа на совест.
Џорџ Бернард Шо

Да жалиме…Треба ли да се каеме или не треба да жалиме-вака поставуваат прашање лажни луѓе. Сè уште наоѓаш сила да пожалиш. Слаб, но лицемерниот го измислува она што треба да го почитува. Да жалиш значи да почитуваш, но уште повеќе.
Василиј Макарович Шушкин

Сочувствувањето…се разликува од сомилоста и всушност постои недостаток кој се состои во тоа што е сè ограничено на обично жалење.
Имануел Кант

Неактивното сожалување е плод на ароганција, а сожалувањето во комбинација со помош е сомилост.
Венедикт Немов

Немојте да се жалите дека соништата не ви се оствариле; само оној што не сонувал заслужува сожалување.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Од сите начини човекот да го направите хуман и сочувствителен, најсигурниот е дека од мали нозе да го научите да се поистоветува со несреќните и во нив да се види себеси.
Клод Адријан Хелвециј

Луѓето кои никогаш не прашуваат за ништо се најдобри утешители.
Александар Дима таткото

Подобро е да се биде предмет на завист одошто објект на сожалување.
Веселин Георгиев

Кој покажува сожалување спрема непријателот, тој е немилосрден спрема себеси.
Френсис Бекон

Кога рибарите се враќаат дома со богат лов, жал ми е за рибите. Кога мрежите се празни, ги жалам рибарите.
Ернст Хајне

Подобро е да се биде завиден од сожалување.
Талес од Милет

Од сите патишта што водат до женското срце, сожалувањето е најкус.
Џорџ Ноел Гордон Бајрон

Жалиме повеќе од оние што не го бараат нашето сочувствување.
Марко Тулиј Цицерон

Не ги сожалувај мртвите, жали ги живите-а пред сè оние што живеат без љубов.
Џоан Роулинг

Успехот е секогаш дете на сомилоста.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Ако сте го виделе дното на мојата душа, тогаш сосем сте го разбрале изворот на мојот копнеж и сожалување. Иако им е отворено на сите, проѕирното езеро има непознати длабочини кои ни нуркачите не ги познаваат.
Ханс Кристијан Андерсен

Ако во себе развивате сочувствување, добрина и љубов, се отвораат вашите внатрешни врати, полесно комуницирате со другите луѓе.
Далај Лама

Без патење не би било сочувствување.
Николас Спаркс

Сочувствувањето е основа на моралноста.
Артур Шопенхауер

Сочувствувањето е поважно од интелектот за да се повика љубовта, која е потребна за мировна работа, а интуицијата понекогаш е подобар рефлектор во темна ноќ одошто здрав разум.
Бети Вилијамс