121. Оптимизам-Песимизам

Не се може без оптимизам. Ниту во себе, ниту во светот со нас и околу нас. Дали е мерлив? Со која мера? Се разбира, не е немерлив, безграничен, бескраен.  Мал е или голем, малку е или многу, но секогаш беспоговорен. Најмногу е поврзан со личниот однос спрема стварноста, а потоа со ситуациите и состојбите кои влеваат надеж.

А вредноста на оптимизмот? Се согледува само во спротивставеноста на песимизмот.

Песимизмот, пак, е поразителна последица на ситуации и состојби за кои нема исходиште, решение, а стварноста ја огрубуваат, ја огрдуваат и ја обезличуваат. Најмногу е поврзана со разочараноста и неверувањето.

За оптимистот животот никој и ништо не може да го урниса. За песимистот тој во најголема мера зависи од други и човек мора постојано да се прилагодува на неговиот тек.

Пословици и изреки од народи на светот

Немој да се лутиш дека ружина грмушка има трње, туку радувај се оти трнова грмушка носи ружи. (Арапска)

Доволно добива оној што ќе изгуби празни надежи. (Италијанска)

Не му недостасуваат патишта на оној што сака. (Англиска)

Латински изреки

Sum spiro, spero. (Додека дишам, се надевам.)

Во невола не заборавај дека ќе дојдат подобри времиња.

Домисла, гесло, мисла водилка

Кога ѕидовите почнуваат да се уриваат, радувај му се на непокриен видик.
Агни Јога

Позајмувај пари од песимисти-тие не очекуваат да ги вратиш.
Анонимус

Рекле, издумале

Самиот факт дека сме доживеале тешки разочарувања, не смее да нè наведе да газиме други вредности кои ни ги нуди животот.
Рабиндранат Тагоре

Никогаш не треба да се жалиме на судбината, никогаш треба да се каже дека дојде крајот, ниту дека постои нешто што не може да се совлада и да се надрасне.
Рабиндранат Тагоре

Бог ме цени кога работам, но ме сака кога пеам.
Рабиндранат Тагоре

Јас сакам да верувам и верувам дека божилакот се појавува по секоја бура. На луѓето им се потребни божилаци, мене исто така; затоа и му ги давам на светот, а воопшто не е важно оти се тоа само фантазии и илузии.
Волт Дизни

Јас секогаш го гледам животот низ оптимизам, но сум доволно реален да знам дека животот е комплексна работа.
Волт Дизни

Оптимизмот е најчесто последица на недоволна информираност.
Жак Тати

Иако повеќе нема да ни се вратат моментите на сјајот во трева или величественоста во цвеќе, да не жалиме, туку да побараме убавини во она што сè уште преостанало.
Вилјем Вордсворт

Оптимизмот е здравје на душата.
Хенри Џејмс

Оптимистот ја гледа розата, а не нејзиното трње; песимистот е опседнат со трњето, а не ја гледа розата.
Калил Џибран

Го сакам човекот кој може да се смее во невола, да прибере сила во жалост и честито се воздигнува со размислување.
Томас Пејн

Ако сакате животот да ви се насмевнува, приложете му го своето добро расположение.
Барух Спиноза

Мудрецот треба да мисли со скепса, а да дејствува со оптимизам.
Жан Жорес

Зад порој поведро е небото. Зад тагата побистра е душата. Зад плачот повесело пееш.
Пеатар Петровиќ Његош

Кој пее, зло не мисли. Кој мисли, не му е до пеење.
Душан Радовиќ

Ако животот и измами: Ниту обвинувај, ни лути се! Во ден на тага, смири се, молчи. Зашто во среќни одиш денови! За идното срцето сонува. Сегашноста е сета во тагата. Сè е момент, сè пролетува. А што мине-мило бидува.
Александар Сергеевич Пушкин

Оптимистот е човек кој смета оти сè е наполу лошо. Во тежок час на живот, Кога е од тага животот пуст, Јас молитва една чудна изговарам наизуст, двојно добро.
Хајнц Вилхелм Рјуман

И ко бреме од душата тонат И се губат сомнежи зли-Се верува и се плаче, И пак е лесно сè.
Михаил Љермонтов

Песимизмот на младите се заснова на премало знаење; песимизмот на старите  на преголемо искуство.
Џозеф Хелер

Песимистот е човек кој од две зла ги избира обете.
Станислав Јержи Лец

Кога се раѓа песимизмот? Кога ќе се судрат два различни оптимизма.
Станислав Јержи Лец

Оптимизмот и песимизмот се разликуваат само според датумот на пропаста на светот.
Станислав Јержи Лец

Оптимистот е лице кое точно знае колку светот може да биде лош; а песимистот секое утро го отвора повторно.
Питер Устинов

Оптимистот тврди дека живееме во најдобар свет, додека песимистот се плаши дека е тоа апсолутна вистина.
Џејмс Кабел

Духот на оној што себеси се мрази или се презира, тажно е поприште на кое постојано стасуваат неповолни вести.
Џозеф Пристли

Што не боли: тоа не е живот; што не минува: тоа не е смрт.
Иво Андриќ

Песимистот е човек кој е среќен кога е несреќен.
Френсис Херберт Бредли

Сите ние сме во ендек, но некои од нас гледаат во ѕвезди.
Оскар Фингал Вајлд

Колку е прекрасно што никој не мора да чека ниеден момент пред да почне да го подобрува светот.
Ана Франк

Ставот е избор. Среќата е избор. Оптимизмот е избор. Добрината е избор. Давањето е избор. Почитувањето е избор. Кој било избор да направиш, тој ќе те направи тебе. Избирај мудро.
Рој Т. Бенет

Наместо да се грижиш за она што не можеш да го контролираш, пренасочи ја енергијата во она што можеш да го создадеш.
Рој Т. Бенет

Оптимизмот е стратегија за создавање подобра иднина. Зашто ако не веруваш дека иднината може да биде подобра, мали се шансите дека ќе станеш и ќе преземеш одговорност да ја направиш подобра.
Ноам Чомски

Оптимизмот е најважната човечка особина зашто ни овозможува да ги еволуираме своите идеи, да ја подобриме својата ситуација и да се надеваме на подобра иднина.
Сет Годин

И најмрачната ноќ ќе заврши и сонцето ќе излезе.
Виктор Иго

Оптимизмот е вера која води до достигнување. Ништо не може да се уреди без надеж и самодоверба.
Хелен Келер

Оптимизмот е лудило на инсистирањето дека е сè добро кога сме бедни.
Франсоа-Мари Аруе Волтер

Можеме да се жалиме дека грмушка на ружа има трње или да се веселиме на тоа што трњето има ружи.
Алфонс Кар

Оптимистот прогласува дека живееме во најдобриот од сите можни светови, а песимистот се плаши дека е тоа вистина.
Џејмс Бранч Кабел

Никогаш нема да видиш виножито ако гледаш долу.
Чарли Чаплин

Песимистот е човек кој мисли дека секој е непријатен како што е тој и ги мрази поради тоа.
Џорџ Бернард Шо

Ако очекуваш најлошо, никогаш нема да се разочараш.
Сара Десен

Песимистите се најчесто во право, а оптимистите најчесто немаат право, но сите големи промени ги постигнале оптимистите.
Томас Фридман

Избери да бидеш оптимистичен, подобро е чувството.
Далај Лама XIV

Човек кој е песимист пред 48-та, знае премногу; ако е оптимист потоа, тогаш знае премалку.
Марк Твен

Нема потажна глетка од млад песимист.
Марк Твен

За себе сум оптимист-не ми се чини како да има каква било корист да се биде нешто друго.
Винстон Черчил

Дури и кога сум близу до паѓање, станувам пак на нозе.
Андре Ромел Јанг

Лажниот оптимизам порано или подоцна значи разочарување, бес и безнадежност.
Рудолф Карнап

Убава му е ноќта на човекот кој знае дека ќе осамне ден.
Ханс Кристијан Андерсен

Мислам, ако на пример заклучите дека е сè бесмислено, тогаш тоа не може да биде сосем бесмислено, зашто сте веќе свесни дека е бесмислено, и таа свест за бесмисленоста со само тоа дава некоја смисла. Знаете на што мислам? Како некој оптимистички песимизам.
Чарлс Буковски

Можете да направите сè што мислите дека можете. Ова знаење е буквално дар од боговите, зашто низ него можете да решите секој човечки проблем. Тоа би требало да направи од вас неизлечиви оптимисти. Тоа е отворена врата.
Роберт Колиер

Оптимистот понекогаш гледа светлина таму кај што ја нема, но зошто баш секогаш песимистот мора да трча да ја угасне?
Рене Декарт

Песимистот гледа проблем во секоја прилика, оптимистот види прилика во секој проблем.
Теодор Рузвелт

Јас не верувам во песимизам. Ако нешто не оди како што ние сакаме, оди напред. Ако мислиш дека ќе паѓа дожд, ќе паѓа.
Клинт Иствуд

Песимистот се жали на ветер-оптимистот очекува ветрот да се промени-реалистот се прилагодува на условите на морето.
Вилијам Артур Вар

Песимизмот се вовлече во историјата и во секое сфаќање на историјата.
Предраг Матвеевиќ

Оптимист е маж кој седи во трамвај и се обидува да запознае русокоса жена која стои крај него.
Салами Кожерски

За да бидете овие денови оптимистични, морате да бидете страшен циник.
Милан Кундера

Сè му иде од рака на песимистот, но песимистот секогаш губи.
Жак Шардон

Ако гледате светлина на крајот од тунелот, тогаш гледате во погрешна насока.
Бари Комонер

Светот им припаѓа на оптимистите, песимистите се само гледачи.
Франсоа Гизо

Нема ништо попријатно од разочарување на песимист.
Јержи Гасински

Оптимизмот е карикатура на надежта.
Гилберт Сесброн

Вистинскиот оптимизам не се заснова на убедувањето дека сè ќе биде в ред, туку на убедувањето дека нема сè да биде лошо.
Жан Дутур

Сочувајте го својот песимизам за дождлив ден!
Виеслав Бруѕински

Ако песимистите и натаму се незадоволни, тогаш не знам што им треба уште!
Максим Звонарев

На пример, некој е млад, убав, богат и ценет, па се прашуваме, кога сакаме да ја оцениме неговата среќа, дали е поради тоа ведар; напротив, ако е ведар, сосема е сеедно дали е млад или стар, исправен или грбав, сиромав или богат: тој е среќен.
Артур Шопенхауер

Песимисти се луѓе кои носат чадор и кога нема трага од облаци.
Леонард Коен