119. Фантазија

Човек без фантазија не е ниту дел од стварноста, зашто неа само ја прифаќа, но не ја
доградува, надградува, досоздава и пресоздава.

Фантазијата е пред сè творечко мислење, вруток на креативноста воопшто, на уметничката, научната и техничката пред сè. 

Со неа се браниме од грубоста, суровоста, залудноста? Да, ама многу повеќе ја браниме љубовта, нежноста, добрината, искреноста.

Врска меѓу фантастичното и метафизичкото? Да, доколку метафизичкото го разбираме како нешто надвор од физичкиот свет, но не и над него.

Близоста меѓу фантазијата, мечтата и измислицата е несомнена. Нивна исходишна точка е најчесто визионерството.

Пословици и изреки од народи на светот

Фантазирањето на мрзливиот не вреди ништо повеќе од потонат ќуп.

Домисла, гесло, мисла водилка

Кои своите соништа сака да ги оствари, не смее многу да фантазира.
Јогини

Ако сте соѕидале кули во воздухот, вашата работа не е залудна доколку дополнително им подигнете солидни темели.
Анонимус

Ние го сликаме нашиот свет со нашите мисли.
Анонимус

Рекле, издумале

Она што го измислуваш, нека е во согласност со самото себе, за да не се најдеш во судир со самиот себе.
Квинтиј Флациј Хорациј

Повеќе сакам да сум фантазер меѓу најниски со визии на остварување, отколку бог меѓу оние без соништа и желби.
Калил Џибран

Секој маж сака две жени: едната ја создала неговата фантазија, а другата допрва треба да ја роди.
Калил Џибран

Фантазијата е она според што човекот се разликува од животното.
Јакуб Арбес

Нашите први зафати се сосема инстинктивни и произлегуваат од живата и недисциплинирана фантазија.
Никола Тесла

Сите знаат дека нешто е невозможно да се оствари сè додека не дојде некој невнимателен кој тоа не го знае и го измислува.
Алберт Ајнштајн

Фантазијата е поважна од знаењето.
Алберт Ајнштајн

Човекот со фантазија, а без знаење, има крилја но нема нозе.
Жозеф Жубер

Нема ништо полошо од фантазија без вкус.
Јохан Волфганг Гете

Гаталецот може да отиде на Месечината, но на враќање не може да донесе вреќа со драгоцени камења.
Kaрлос Кастанеда

Метафизиката е добра ако го подобрува секојдневниот живот.
Роберт Мејнард Пирсиг

Еден реален свет е сосема доволен.
Џорџ Сантајана

Радо играме и фантазираме, затоа што се тоа активности во кои сме господари на ситуацијата: просторот на играта и просторот на мислите се две полиња на нашата слобода.
Еуген Мориц Фридрих Розенсток-Хјуси

Најмногу облици има апстракцијата.
Станислав Јержи Лец

Колку човек има побогата фантазија, толку во стварноста се чувствува посиромашен.
Станислав Јержи Лец

Фантазијата е недопустиво да се биде лага.
Станислав Јержи Лец

Ништо на светот не нè прави толку среќни како фантазирањето.
Огист Роден

Фантазијата не е ништо друго, освен аспект на паметењето издвоен од времето и просторот.
Семјуел Тејлор Колриџ

Фантастичните дела треба да бидат напишани на стварно рамен јазик; колку се повеќе замислени, толку повеќе треба да бидат едноставни.
Семјуел Тејлор Колриџ

Фантазијата е кралица на вистината, а можна е една од провинциите на вистината.
Шарл Бодлер

Не интелектот, туку фантазаијата, и не каква било фантазија на свеста, туку она што се остварува како игра на егзистенцијалниот темел е органот кој му допушта на постоењето да го утврди неговото постоење.
Карл Теодор Јасперс

Вљубувањето едноставно се состои од отфрлање на фантазијата и полнење на здравиот разум.
Хелен Роуленд

Соништата не се ништо друго, освен интерлуда произведена со фантазија. Кога спие суверениот разум, таа имитација се буди.
Џон Драјден

На Небото и на Земјата, Хораце, има повеќе ствари одошто твојата фантазија ги сонува.
Вилјем Шекспир

Вистината мора нужно да биде почудна од фантазијата, зашто фантазијата е создавање на човечкиот ум и поради тоа нејзе ѝ е природена.
Гилберт Кит Честертон

Не постои човек на светот кој би можел да живее, а еднаш да не се задлабочи во фантазии, никогаш да не ѝ се препушти на мечтата, на животната романса, зашто во соништата го пронаоѓа тоа скривалиште во кое неговиот ум ќе пронајде одмор.
Гилберт Кит Честертон

Фантазијата е клуч на моите текстови. Остатокот е насликан со малку научна фантастика.
Џими Хендрикс

Сонот е доказ дека фантазијата, мечтаењето за она што не се случило, спаѓа во најосновните потреби на човекот.
Милан Кундера

Го сликам она што не можам да го фогографирам, она што доаѓа од фантазијата или од соништата или од несвесен погон.
Мен Реј

Секогаш сум ги сметал историските фикции и фантазиите како сестри под кожата, два жанра раздвоени на раѓање.
Џорџ Рејмонд Ричард Мартин

Ужасно многу фантазија, па дури и некоја голема фантазија спаѓа во грешка претпоставувајќи дека добриот човек ќе биде добар крал, дека сè што е потребно е да биде пристојно човечко суштество, а кога сме крал сè ќе оди глатко.
Џорџ Рејмонд Ричард Мартин

Фантазијата е некој вид парна машина, па не дај Боже котелот да пукне.
Иван Александрович Гончаров

Едно исто лице може мошне живо да создаде одредени претстави за себе во фантазијата и истовремено мошне бавно да го разбуди во својата мечта чувството кое му одговара на тие претстави.
Вилхелм Винделбанд

Да не се даваш себеси е само суштина на фантазијата.
Едмунд Хусерл

Без фантазија нема уметност, како што нема ни наука.
Франц Лист

Разумот и фантазијата се еднакво потребни за нашето знаење и се еднакви во науката.
Јустус Либиг

Секогаш треба да постои сребрена нишка на фантазијата околу синџирот на правилата!
Роберт Шуман

Фантазијата лишена од разум произведува чудовиште; соединета со него, таа е мајка на уметноста и извор на нејзините чуда.
Франциско Хозе Гоја

…Фантазијата е природна сила во човекот…Не пружајќи ѝ задоволство, или ја убивате или, обратно, ја пуштате да се развива, токму претерано (што е штетно)…
Фјодор Михајлович Достоевски

…Само една фантазија може да му го даде на човечкиот ум оној прв нужен поттик, без кого летаргичниот сон на човечката мисла би останал засекогаш недопрен.
Дмитриј Иванович Писарев

Фантазијата, кога нејзините слики се живописни, делува врз сетилата со голема енергија.
Николај Гаврилович Чернишевски

Фантазијата гради свои дворци во воздухот кога не постои само добра куќа, туку дури и поднослива колиба. Се развива кога сетилата не се зафатени; сиромаштијата на стварниот живот е извор на живот во фантазијата.
Николај Гаврилович Чернишевски

…На луѓето им е потребна фантазијата. Луѓе без фантазија нема никогаш да создадат ништо големо и вредно, ново. Луѓе без фантазија се суви и здодевни, живеат само половина. Лице со фантазија живее стотина животи наеднаш. Знае да живее за себе и за други, во минатото и во иднината.
Александра Михајловна Колонтај

Фантазијата, како мечтата, му е потребна на уметникот.
Константин Сергеевич Станиславски

Фантазијата е уште една креативна способност во нашата психа.
Алфред Адлер

Постои тип на луѓе кој живее во фантазии дури и повеќе одошто во стварноста.
Алфред Адлер

Човештвото мошне често се задоволува со изуми. Ако на лицето му недостасува храброст, задоволно е со фантазијата.
Алфред Адлер

Навиката на логичкото размислување ја убива фантазијата.
Лев Шестов

Светот на научната фантастика е свет без пол.
Жан Бодријар

Потенцијалот на човечката фантазија е неисцрпен.
Александар Леонидович Чижевски

Фантазијата е мускул. Колку повеќе тренирате, таа станува сè појака.
Лук Бесон

Уште не се знае на што човек ќе помисли: главата е тркалезна.
Хендрик Јагоџински

Светот на фантазијата е „штедлива зона“ која настанува со болен премин од начелото на задоволството на начелото на стварноста.
Сигмунд Фројд

Нашите фантазии се најслични на нас. Секој сон е нацртан според неговата природа.
Виктор Иго

Настаните и луѓето, додека се оддалечуваме од нив, постапно се зголемуваат во нашата фантазија, како карпа во темнина.
Виктор Иго

Сè што не знаеме, знаеме благодарение на соништата на сонувачите, визионерите и учените поети.
Владимир Иванович Вернадски

Што е важно? Прво фантазијата. И исто така дарбата за апстрактно размислување.
Александар Алехин

Вишок фантазија и вишок разборитост се еднакво штетни.
Александар Алехин

Ќе дојде време кога науката ќе ја надмине фантазијата.
Жил Верн

Прво, тие неизбежно доаѓаат: мислата, фантазијата, бајката. Ги следи научната пресметка, а веќе на крајот круните што размислувале.
Константин Циолковски

Стварноста ги оправдува чувствата и ја казнува фантазијата.
Валери Красовски

Со помош на фантазијата ја подготвуваме тешката сегашност за тешка иднина.
Валери Красовски

Фантазијата и чувството на престиж секогаш доминираат со нашиот однос со „друг“.
Морис Мерло-Понти

Фатназијата му се дава на човекот за да го утеши во она што го нема, а смислата за хумор-за да го утеши со она што го има.
Оскар Фингал Вајлд

Во сè и речиси секогаш жртви сме на својата фантазија: таа брзо го прикрива и најмалиот зрак на вистината со својот шарен вел.
Пјер Буаст

Фантазијата  е едно од најважните средства на книжевната техника која создава слика.
Максим Горки

Раскажувате фикции.
Минувам низ чисти фикции.
Макс Фриш

Деведесет насто од женската убавина прави машката фантазија.
Виктор Конјакин

Фантазијата привлекува, разумот споредува, вкусот избира, талентот настапува.
Гастон де Луис

Човеков најголем пријател и најголем непријател е неговата фантазија.
Артуро Граф

Фантазијата е единственото оружје во борбата со стварноста.
Жил д Голтиер

Можноста да одите секаде, да видите сè и да стекнете сè ја убива фантазијата за местата каде што никогаш не сте биле и нештата кои никогаш не сте ги поседувале.
Валери Афонченко

Секоја нација има таква историја за која има доволно фантазија.
Максим Звонарев

Верувам дека фантазијата е посилна од знаењето. Тоа е мит посилен од знаењето. Тоа е мит помоќен од историјата. Тоа се соништа посилни од фактите. Тоа е надеж која секогаш го победува искуството. Тоа е смеа единствен лек за тага. И верувам дека љубовта е посилна од смртта.
Роберт Фулгум

Сè што можеме да замислиме е стварно.
Пабло Пикасо

Загриженоста е злоупотреба на фантазијата.
Дан Задра

Изворот на генијот е самата фантазија.
Ежен Делакроа

Стравот ја поттикнува мојата фантазија.
Дон Драпер

Проблемите на светот не можат да ги решат скептиците или циниците чии хоризонти се ограничени на очигледна стварност. Ни требаат луѓе кои можат да сонуваат нешта кои никогаш не биле.
Џон Фицџелард Кенеди

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.
Елеанор Рузвелт

Постои нешто што е многу поважно од секоја логика: тоа е фантазијата.
Алфред Хичкок