98. Доверба-Недоверба

Довербата се стекнува тешко, макотрпно, долгорочно, а се губи мигум, лесно и неповратно. Особено во скудни времиња. Недовербата, пак, не се случува мигум, туку расте бавно, бавно се зацврстува; независна е од какво било време и невреме, ниту од кое било човечко доба.

Довербата најмногу им пречи на оние што немаат самодоверба. Зашто никако не им успева да ја стекнат или да ја повратат изгубената поради лага и изневера. Недовербата е поретко по изгубена доверба, а многу почесто иде од внимателност, лошо искуство,  по лоши последици по чинење или нечинење.

Македонски народни пословици и изреки

Недовербата е мајка на сигурноста.

Не му верувај на нов пријател исто колку на стар.

Верата е стара и млада.

Верата планиње преместуа.

Верен измеќар, цел стопан.

Нема вера у пазара.
Кој не плаќа, веќе не се веруа.

Пословици и изреки на народи во светот

Нека Бог ме заштити од оние на кои им верувам, а јас ќе се заштитам од оние на кои не им верувам. (Италијанска)

Жената ќе ја сочува само онаа тајна која не ја знае. (Српска)

На господарската смеа и ведрото небо не треба да им се верува зашто за час се менуваат. (Српска)

Кога ќе дојде недовербата, љубовта заминува. (Ирска)

Еднакво е будалесто да им се верува на сите, како и да не му се верува никому. (Англиска)

Меѓусебната доверба е темел на пријателството. (Кинеска)

Бидете внимателни кога гол човек ќе ви понуди кошула. (Африканска)

Секој непознат сметај го за крадец. (Јапонска)

Латински изреки

Кога коза чува зелка. (Lupo ovem commitere.)

Врана на врана никогаш не ѝ вади очи. (Cornix cornici nunquam oculos effodit.)

Љубовта е лековерна. (Credula res amor est.)

Верувај, но внимавај кому. (Fide, sed cui vide!)

Луѓето радо веруваат во она што го сакаат. (Libenter homines id, quod volunt, credunt.)

Рекле, издумале

Премногу доверба е често глупост; премногу недоверба може да биде несреќа.
Јохан Нестрој

Сè изгледа можно кога сме сосема беспомошни или апсолутно моќни, и обете состојби ја стимулираат нашата доверба.
Ерик Хофер

Луѓето кои ни ја даваат својата целосна доверба сметаат дека имаат право на нашата. Оваа сметка е погрешна: подарокот не дава никакви права.
Фридрих Вилхлм Ниче

Не сум вознемирен дека лажеш, туку дека повеќе не можам да ти верувам.
Фридрих Вилхелм Ниче

Веселата недоверба е знак на здравје. Секоја исклучивост ѝ припаѓа на патологијата.
Фридрих Вилхелм Ниче

Биди љубезен со сите, но интимен само со неколкумина. А и нив добро испитај ги пред да им ја подариш својата доверба.
Џорџ Вашингтон

Сигурен начин за изградба на довербата на јавноста е нејзино што помало користење.
Џорџ Вашингтон

Не му верувај на оној што става рака на срце и гласно се заколнува.
Георг Кристоф Лихтенберг

Деловниот човек не смее двапати да прекрши збор.
Д-р Томас Фулер

Вашата доверба во луѓето и вашите сомнежи во нив се тесно поврзани со вашата самодоверба и вашиот сомнеж во себе.
Калил Џибран

Кој стекнал глас на ранобудник, може да спие до пладне.
Скот Јасон Ховел

Преголема доверба обично води кон несреќа.
Јулиј Непот

Животот и довербата само еднаш се губат.
Џорџ Бернард Шо

Она што не налага почитување, не може да предизвика доверба.
Конфучиј

Поголема срамота е да не им веруваме на нашите пријатели, одошто да бидеме измамени од нив.
Конфучиј

Човек кој не верува никому не заслужува доверба.
Џером Блатнер

Не може да му се верува на човек кој никому не му верува.
Џером Блатнер

Младоста е среќно доба во кое човекот почнува да верува во себе, а уште не престанал да им верува на други.
Иво Андриќ

Тешко е да се гледа како на мене се исполнува закон и мера која вреди за сите.
Иво Андриќ

Довербата е како огледало. Можеш да го поправиш ако се скрши, но пак гледаш пукнатина во отсјајот.
Лејди Гага

Човештвото не го одржуваат лагите. Довербата е темел на општеството. Кај што нема вистина не може да има ни доверба, а кај што нема доверба не може да има општество.
Фредерик Даглас

Начин на кој научуваш дали некој е вреден за доверба е да му веруваш.
Ернест Хемингвеј

Која самотија е посамотна од недовербата?
Семјуел Џонсон

Ако нашите гости сме ги избрале според добродетелствата и чесноста, зошто по нивното заминување ги броиме сребрените лажици?
Семјуел Џонсон

Секогаш е полесно да се противите на нешто што не сте се ни обиделе да го разберете.
Езра Паунд

На кој било што е невнимателен со вистината во малите нешта, не може да му се верува во важни нешта.
Алберт Ајнштајн

Кога некој има доверба во тебе, тоа е поголем комплимент одошто да се биде сакан.
Џорџ МекДоналд

Малку се одушевувањата кои се еднакви на самата присутност на луѓе на кои ѝ веруваме во целост.
Џорџ МекДоналд

Мораш да имаш доверба во луѓето, инаку животот станува невозможен.
Антон Чехов

Олигархот и тиранинот немаат доверба во народот и затоа им го одземаат оружјето.
Аристотел

Не верувај им на сите луѓе, туку верувај им на луѓе кои вредат; првото е знак на глупост, а второто знак на разумност.
Демокрит

Никогаш не верувај на совет на човек кој е во проблеми.
Езоп

Недовербата е стекнато чувство-никогаш не се сомневаме додека не нè измамат.
Летиција Елизабет Ландон

Сакај ги сите, верувај им на неколкумина, не прави штета никому.
Вилјем Шекспир

Разумно е никогаш да не се положи полна доверба во она што барем еднаш нè измамило.
Рене Декарт

На група луѓе кои не се држат себеси за одговорни никому не би требало да имаат ничија доверба.
Томас Пејн

Ретко им се доверуваме на луѓе кои се подобри од нас. Најчесто им се доверуваме на оние кои се како ние и кои ги делат нашите слабости, што значи дека не сакаме да се поправиме и да се подобриме себеси, зашто би морале да бидеме судени. Само сакаме сожалување и охрабрување на патот што сме го избрале.
Абер Ками

Бракот го прават тројца: љубов, доверба и трпение.
Бранислав Нушиќ

Љубовта најпрвин се нарекува доверба.
Јохан Волфганг Гете

Кој ништо не знае, сè верува.
Јохан Волфганг Гете

Кога се во прашање големи суми пари, препорачливо е никому да не му верувате.
Агата Кристи

Никогаш не му верувај на оној што за секого говори добро.
Бертолд Брехт

Добрината во зборовите создава доверба. Добрината во мислите создава длабочина. Добрината во давањето создава љубов.
Лао Це

Лажната скромност не влева многу доверба.
Пјер Корнеј

Морате да имате апсолутна доверба. Да се задржи правото на заминување, а ништо нема да се случи.
Ричард Фејнман

Народот ја дава својата наклонетост, но никогаш својата доверба.
Антоан д Риварол

Не може да се има доверба во власт со преголеми овластувања.
Публиј Корнеј Тацит

Не треба да им се верува на луѓе со кои штотуку сме се спријателиле, а кои покажуваат дека сме им подраги од нивните стари пријатели; така ќе се однесуваат и со нас кога ќе стекнат нови пријатели.
Ханс Кристијан Андерсен

Немам доверба во човечки усовршувања. Мислам дека човечкиот напор ќе има значително влијание на човештвото. Човекот сега е само повеќе активен-не повеќе среќен-ниту повеќе паметен одошто пред повеќе од 6.000 години.
Едгар Алан По

Довербата доаѓа од дисциплина и тренинг.
Роберт Киосаки

Довербата е заразна. Така е и со недостигот на доверба.
Фансоа Мари Аруе Волтер

Довербата нема љубов, љубов нема без доверба.
Томаш Масарик

Довербата во самиот себе е првата тајна на успехот.
Ралф Валдо Емерсон

Сè што сум видел ме учи дека имам доверба во она што не сум го видел.
Ралф Валдо Емерсон

Верувај им на оние што бараат вистина; сомневај се во оние што ја нашле.
Андре Жид

Верувај во она што го чувствуваш.
Селена Гомез

Животот не е лесен за кого било од нас. Но што да се прави? Ние мораме да бидеме упорни и над сè да имаме доверба во нас самите. Мораме да веруваме дека сме надарени за нешто и тоа мора да се оствари.
Марија Кири

Доверба: чувство кое ве тера да му поверувате некому, дури и ако знаете дека и сами би лежеле на негово место.
Хенри Луис Менкен

Тешко е да се верува дека некој зборува вистина кога знаете дека вие би лажеле да сте на негово место.
Хенри Луис Менкен

Верувајте им на сите, но добро измешајте ги картите.
Финлеј Питер Дан

Ти верувам зашто ми требаш.
Мејсон Кули

Доверба: мајка на недовербата.
Адријан Декурсел

Верувањето на неразумните чувства е својство на груби души.
Хераклит

Најголема недоверба е недовербата во себе.
Томас Карлајл

Како не можеш да му веруваш на некој човек? Дури и ако гледате дека лаже, верувајте му, односно послушајте и обидете се да разберете зошто лаже.
Максим Горки

Без оглед колку малку им верувате на своите соговорници, сепак ни се чини дека се тие поискрени со нас одошто со кој било друг.
Франсоа Ла Рошфуко

Нека недовербата ја оправдува туѓата измама.
Франсоа Ла Рошфуко

Ништо не ја ласка нашата гордост како довербата на великаните на овој свет, го прифаќаме тоа како почест на нашите заслуги, не сфаќајќи дека обично е предизвикано со суета или со неможност за чување на тајна.
Франсоа Ла Рошфуко

Како можете да му верувате на суштество кео крвави секој месец и не умира?!
Чарлс Буковски

Не можете да му верувате на човек кој себеси се смета обичен.
Френсис Скот Фицџелард

Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Морате да продолжите да им верувате на луѓето, само бидете малку повнимателни.
Габриел Гарсија Маркез

Суета е кога довербата може да биде добра за нас.
Артур Шопенхауер

Неограничената доверба може да стане депресивна, да стане товар. Впрочем, треба да се оправда. Незгодно е да се изгуби.
Владимир Алексеевич Солухин

Се разбира, во довербата е неопходна внимателност, но поважно е да се биде внимателен во недовербата.
Лоранд Етвеш

Вистина е дека на сите луѓе на власт не може да им се верува.
Џејмс Медисон

Никогаш не сме толку ранливи како што сме кога му веруваме некому. Но парадоксално, ако не можеме да веруваме не можеме да пронајдеме љубов или радост.
Валтер Андерсон

Луѓето помалку им веруваат на ушите одошто на очите.
Хеородот

Изгубената доверба е како изгубен живот, неотповиклива е.
Публилиј Сириј

Довербата, како душата, никогаш не се враќа на местото од кое еднаш отишла.
Публилиј Сириј

Оној што ни верува нè образова.
Томас С. Елиот

Понекогаш не можете да верувате на она што го гледате; морате да верувате на она што го чувствувате. А ако и други луѓе имаат доверба во вас, би требало да чувствувате дека можете да им верувате и ним, дури и ако сте во мрак. Дури и ако паднете.
Мичел Албом

Да верувате во себе. Да создадете изглед дека сте среќни во текот на целиот живот. Искористете ги внатрешните искри на можностите во огнот на постигнувањата.
Голда Меир

За повеќето луѓе недовербата во едно значи едноставно слепа верба во друго.
Георг Кристоф Лихтенберг

Поставете ги своите очекувања високо, пронајдете мажи и жени чиј интегритет и вредност ги почитувате, натерајте ги да се договорат за постапувањето и дајте им целосна доверба.
Џон Акерс

Можете да се измамите ако премногу верувате, но ќе живеете во агонија без доволно доверба.
Френк Крејн

Таму кај што нема доверба, не може да има ни вистинска наклонетост.
Елиза Ожешко

Мирисот не е сè, рече Слон. Зошто, Булдог праша: Ако момчето не може да му верува на својот нос, на што уште може да верува? Па, можеби на неговиот мозок, тивко одговори.
Клајв Стејплс Луис

Во моменти на сомневање вреден човек ќе ѝ верува на својата мудрост.
Џ.Р.Р. Толкин

Полесно е да му се верува во блгороден лик одошто во заклетва.
Солон

Да си веруваш на себеси. Знаеш повеќе отколку што мислиш дека знаеш.
Бенџамин Спок

Неограничената лековерност поради непостоење кордон на сомневање ги овозможува измамата и предавството слободно да продрат на нивната територија.
Јуриј Татаркин

Искажаната доверба обично предизвикува лојалност за возврат.
Тит Ливиј

Таму кај што нема целосна искреност, полна доверба, кај што дури и малку се сокрива, нема и не може да има пријателство.
Владимир Белински

Потпрете се на себеси. Нека вашите судови звучат верувајќи им. Можете да си го развивате здравиот разум како мускулите во вашето тело-со интелигентен, секојдневен тренинг. Да се биде познат како некој здрав ум е голем плус во ваша корист.
Хенри Грантленд Рајс

Татко  ми секогаш ми зборуваше: „Не им верувај на оние кои имаат огромен телевизор и мали полици за книги“.
Емилија Кларк

Не можете да верувате во илузии, морате да платите за нив.
Џек Лондон