9. Јас книжевник:
Моја динствена цел

Очекувано, секакви реакции, и позитивни и негативни коментари за моите книжевни дела што ги создавам едновремено објавувајќи ги во продолженија на Интернет-на мојата книжевна веб страница https://ljupco.panoptikum.mk/ и на социјалната мрежа Facebook.

Нека ми простат сите дека ќе бидам сосем искрен:

Не ми значат којзнае што, а можам да речам и сум сосем рамнодушен. Кој колку знае и како знае чита, оценува, проценува, се определува. Важно ги чита? А што оти не ги читаат оние што не ги читаат?

За мене единствено важно:

Да ги создадам/напишам/завршам и да ги придодадам на од мене веќе создадените/напишаните/завршените дела.