8. ТИПОЛОГИЗАЦИЈА

Главни типови радија на современата модерност се:
-Едукативно (образовно);
-Информативно (информативно-политичко);
-Семејно;
-Етно;
-Музичко;
-Локално (комунално);
-Услужно (сервисно).

При креирањето на програмската концепција и пртограмската шема се прават најразлични „комбинации“, па постојат многу „меѓурадија“. На пример: информативно-забавно, информативно-едукативно, семејно-услужно итн.. Може да се сретнат и „општи радија“, како забавно-музичко, контактно-забавно и сл., што ги „измислиле“ оние кои немаат елементарни тероетски и/ или практични познавања на радиото како масмедиум. Имено, дека контактноста („отвореноста“), забавноста, „случувањето“, како што елаборирав, се „општи својства“ на секое од главните типови на радија, во нивната конкретна реализација.

Зачудува непознавањето, „скитањето“ при дефинирањето и програмското концепирање на јавниот сервис (радио и телевизските програми): тој е „сè и сешто“, „од сè по нешто“, народски кажано „каша попара“.

Јавниот сервис е и не може да биде друго, освен информативно-едукативно-музички. А негова главна „додатна“ (всушност најважна) задача е да прдуцира вредности-дела-творештво (продукција).

Следат детални разгледи на одделните типови радија на современата модерност: