СВОЕВИДНА ЖИЗНЕНОСТ, минијатурни раскази/ескизи

115. Грпка

Пандора е дамна упокоена. Голема грпка со години ѝ ја собираше снагата во клопче. Конечно ѝ ја собра во смртната постела.

Никој не знае од што ѝ беше. Секако од мачна живеачка со нејзиниот Сотир  и изгледаната рожба-син и две ќерки. Некои стари се убедени дека почнала да ѝ расте откако паднала од коњ со товар дрва. Товарот се разврзал и дрвата ја покриле. Многу време откога ја извлекле ја лечеле со секакви билки и ја размрдувале со болни протегнувања на рацете и нозете.

Пандора ја паметат како многу лична мома и невеста.

One thought on “СВОЕВИДНА ЖИЗНЕНОСТ, минијатурни раскази/ескизи

  • 05/03/2019 at 04:03
    Permalink

    ЧЕСТИТКИ ЗА ВАШАТА ЗБИРКА ..

    Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *