СОВРЕМЕ, циклус „Навалици“, стихозбирка

12. Здравјето

Многу е важно будењето
по непроспиена ноќ
во рано утро;
да не ти иде денот како
обременет со ненадејни, 
незнајни и не ни слутени
доживелици.

Ти успеа да се разбудиш
по непроспиена ноќ
во рано утро;
не го догледуваш,
а го чувствуваш сонцето
со својата полетност,
дека ќе те следи до заод
каков што си,
со сѐ чисто и доблесно
во твојата мисла.

Се радуваш оти и во ова
рано утро
здравјето ти е исто,
непорекливо;
како да не ти можат
ништо дишењето, крвта
и срцето
со нивната неизвесност.    

One thought on “СОВРЕМЕ, циклус „Навалици“, стихозбирка

  • 25/05/2019 at 22:45
    Permalink

    Ете, мигот на песната го имам доживеано…
    Но, никогаш не го излеав во песна.
    Тоа го направи мојот брат.

    Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *