Првпат тоа ми се случи додека бесцелно го чекорев градот цел ден. Затоа што собата, од која знаев да не излегувам со денови, ми стана некако претесна. Конечно. Сѐ во неа наеднаш како да ми се струполи врз главата и телото, како целиот да ме покри, ме зароби, како да ме здроби. Во тој силен неред таа како веќе да не беше моја. Како во неа да беше некој друг, а не јас. Повеќе