БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК (ЈАС)

1.

Имам некое чудно задоволство да сум меѓу луѓе сосема непознат и со ништо забележлив. Мислам дека и свесно успевам/успеав во тоа. Имено, ретки се оние што ме виделе, ме сретнале, ме забележале на разминување. Многумина сигурно не знаат ни како изгледам на овие мои години. Меѓу нив и многумина ближни. Секидневно сум, се слушам и се гледам само со членовите на моето најтесно семејство-сопругата Гордана, син ми Горан, снаата Соња, внукот Јован и внуката Јана.

Кога ќе ме види или слушне некој, прво ме прашува: „А бе, жив ли си?“, а јас со насмевка му одговарам со прашање: „Ти што мислиш?“.

Сакам да заминам од животов тивко и незабележливо. Да не се знае долго дека сум мртов. Ако може, никогаш да не се дознае. Белки тоа ќе ми биде удоволено од најблиските.

Мојата објавена (и во книжен формат) стихозбирка „Безбели, на небо ветер фрла длабок здив“ ја завршувам  со Епитаф за секој што си го проживеал животецот:

Молк! Овде,
во ова парче земја
конечно почивам
во мир и спокој.
Фала ти, Господи!

Би сакал само тој да биде испишан на мојата надгробна плоча. Без никаква фотографија!

 

2 thoughts on “БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК (ЈАС)

  • 21/01/2019 at 12:36
    Permalink

    Ја имав привелигијата да ве сретнам.
    Можеби незабележливо и тивко ќе заминете кога ќе дојде време, но во никој случај не сте тивок и незабележлив.

    Reply
    • 22/01/2019 at 23:26
      Permalink

      И мое беше задоволството да Ве сретнам и да си поприкажеме.Ви се лутам што не ми дозволивте јас да го платам кафето. Тоа дека не бев тивок и незабележлив беше секако од радоста што Ве запознав. (Да не помисли некој којзнае што, разликата меѓу нас во годините е голема-имам син повозрасен од Вас.) Голем поздрав и очекувам Ваши нови поетски дела.

      Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *