… Се прашуваш кој и од каде ? Еве.

Био-библографија на Љ. Димитровски

ljupco dimitrovski
Тоа сум јас ! Љупчо Димитровски

Љупчо Димитровски е роден на 10. 03. 1951. година во Скопје, Република Македонија. Студирал на Економскиот факултет во Скопје-Економска политика и развој. Во мошне успешен и стабилен брак е со Гордана Димитровска (родена во 1953.). Имаат син Горан (роден  1956.).

Во македонската книжевност дебитира со стихозбирката „Куќа што молчи” (1972), која ја предизвика книжевната јавност со авангардноста – експериментирањето со поетскиот збор и говор.

Досега ги објави и: стихозбирките „Некогаш игра“ (1973), „Безбели, на небо ветер фрла длабок здив“ (2015), потоа на поетската студија „Посејдоново утро“ (1983), поетската инсталација „Momentum“ (1981), како и на мошне обемната поетската студија  „Генерика” (1998) – своевидна модерна поетска историја на човекот и неговите устреми во времето, создавана од 1971. до 1996. година. Го има објавено и краткиот роман „Марија и Јасен“ (1987).

Љупчо Димитровски е коавтор (заедно со Милош Линдро и Данило Коцевски) на книжевниот манифест „На чекор од говорот“, објавен во списанието „Разгледи“ во 1980. година.

Во книжевната периодика има објавено поголем број критичко-есеистички текстови.

Пишува хумор и сатира. Како проект од јавен интерес (аудио издание), Советот за радиодифузија на Македонија (Агенција за медиуми) ја објави сатиричната серија во 10 епизоди LATENTIA HRONICUS- Однапред и одзади.

Има напишано и снимено дваесетина аудио проекти од јавен интерес, од кои секако најзначајни се: „Лирско ехо“, своевидни поетски приказни со поезија од истакнати македонски поети, „Авантура на опстојот“, авторска поезија во која интерпункцијата има посебна функција при сценски „приказ“, и „Јазикот е мојата татковина“- Македонска граматика (правила на стандардниот јазик, правопис и правоговор).

Љупчо Димитровски бил 40 години професионален радио и телевизиски новинар и уредник  во МРТВ и на ТВ „Алфа“ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио), како и во Радио Гром (Генерален менаџер, сопственик и новинар).

Има напишано студија (објавена на Интернет) „Аспекти на модерното радио – радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот.

Љупчо Димитровски е автор на првиот професионален новинарски блог (www.dimitrovski.net) што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт „Паноптикум“ [http:/www.panoptikum.com.mk Паноптикум] – продолжение на истоимената радио емисија.

Активен телефонски број: 5212-585,
Мобилен: 071 30 65 66
e-mail: dimitrovski.ljupco@gmail.com